Jeremiah (30/52)  

1. Слово Господово што дојде до Јеремија -
2. вака вели Господ, Бог Израилев: запиши го во книга сите зборови, што ти ги кажав.
3. Оти, еве, идат дни, вели Господ, кога ке го вратам од ропство Мојот народ, Израилот и Јуда, вели Господ; и повторно ке ги доведам во земјата, која им ја дадов на татковците нивни, и тие ке ја владеат.
4. А еве ги зборовите, што ги изрече Господ за Израилот и за Јуда.
5. Вака вели Господ: глас од смут и ужас слушаме ние, а не мир.
6. Прашајте и размислете: ра а ли маж? А зошто гледам при секој човек рацете да му се на бедрата како при жена, кога ра а, и лицата на сите да им се бледи?
7. О, тешко, голем е оној ден, нема сличен на него; тоа е мачно време за Јакова, но тој ке биде избавен од него.
8. И во оној ден, вели Господ Саваот, ке го здробам јаремот негов, што му е околу вратот, и твоите окови ке ги раскинам; па повеке нема да служи на ту инци,
9. туку ке Му служите на својот Господ Бог и на царот свој Давида, кого што ке им го издигнам.
10. И ти, слуго мој Јакове, не бој се, вели Господ, и не плаши се, Израилу, оти еве, Јас ке те избавам тебе од земјата далечна и племето твое - од земјата на ропството; па ке се врати Јаков и ке живее спокојно и мирно и нема никој да го заплашува,
11. оти Јас сум со тебе, вели Господ, за да те избавувам: Јас наполно ке ги истребам сите народи, ме у кои те прогонив, но тебе нема да те истребам; ке те казнам по мерка, но неказнет нема да те оставам.
12. Оти така вели Господ: твојата рана не е излечива, болката ти е жестока;
13. никој не се грижи за твоето дело, за да ти ја излекува раната твоја; за тебе лек нема;
14. сите пријатели твои те заборавија, не те бараат, бидејки Јас те удрив со непријателски удари, со жестока казна за многуте твои беззаконија, бидејки гревовите твои се намножија.
15. Зошто викаш поради раните свои, од лутина на твојата болест? За многуте твои беззаконија ти го направив тоа, оти гревовите твои се намножија.
16. Но сите, што те голтаат, ке бидат проголтани; и сите твои непријатели - ке појдат во ропство, и твоите опустошители ке бидат опустошени, и сите твои грабачи ке ги предадам на грабеж.
17. Kе ги обложам и ке ги излекувам твоите рани, вели Господ. Тебе те нарекуваа отфрлен, велејки: "еве го Сион, за кого никој не прашува."
18. Така вели Господ: еве, ке ги вратам заробените од шаторите на Јакова и ке се смилувам на нивните живеалишта, и градот пак ке биде изграден на својот рид, а и храмот ке биде обновен, како што си беше.
19. И ке се крене од нив благодарност и глас на весели лу е; и Јас ке ги размножам, и нема да се намалуваат, па ке ги прославам, и нема да бидат понизени.
20. И синовите негови ке бидат како порано, и собранието негово ке стои пред Мене, а ке ги казнам сите негови насилници.
21. И ке излезе од него водач, и владетел негов ке произлезе од него; и Јас ке го привлечам, па ке доје при Мене; оти кој е тој што сам од себе пристапува до Мене? - вели Господ.
22. И вие ке бидете Мој народ, а Јас ке ви бидам Бог.
23. Еве, виорот на јароста од Господа доа а, виор страшен; ке падне врз главите на безбожниците.
24. Пламениот гнев на Господа нема да отстапи, се додека не ја изврши и не ја исполни замислата на срцето Свое. Во последните дни ке го разберете тоа.

  Jeremiah (30/52)