Jeremiah (3/52)  

1. Велат: ако мажот ја напушти жената своја, и таа го остави и стане жена на друг маж, може ли таа да се врати при него? Нема ли со тоа да се оскверни таа земја? А ти со мнозина милосници блудствуваше, - и при сето тоа врати се при Мене, вели Господ
2. - Крени ги очите кон идолските светилишта и гледај каде ли не блудствувале со тебе? По патиштата седеше ти заради нив како арапин во пустиња, и ја оквернуваше земјата со твојот блуд и со твоето лукавство.
3. Заради тоа беа запрени дождовите и немаше доцен дожд; но ти имаше чело на блудница, - не сакаше да се засрамиш.
4. Нема ли да викаш отсега кон Мене: ‘Оче, Ти беше наставник на младоста моја!‘
5. Зар тој секогаш ке биде во гнев, и зар вечно ке го задржува во Себеси? Ете, што зборуваш ти, а вршиш зло и во тоа не успеваш.
6. Господ ми рече во дните на царот Јосија: виде ли ти, што врши отстапницата, керката Израилева? Таа оди на секоја висока гора и под секое лиснато дрво, и таму блудствува.
7. И откако таа го вршеше сето тоа, Јас велев: ‘врати се при Мене, но таа не се врати; и го виде тоа нејзината вероломна сестра Јудеја.‘
8. И видов, дека, кога заради сите прељубни дејствија на отстапницата, керката Израилева, Јас ја напуштив и и дадов разводно писмо; вероломната и сестра, Јудеја, не се исплаши, туку отиде и сама блудствуваше.
9. И со јавното блудно дејствување таа ја оскверни земјата, и прељуба вршеше и со камен и со дрво.
10. Но при сето тоа нејзината вероломна сестра Јудеја не се обрна кон Мене од се срце, туку само привидно - рече Господ.
11. И ми рече Господ: ‘отстапницата, керката Израилева, излезе поправа, отколку вероломната Јудеја.‘
12. Оди и разгласи ги тие зборови спрема север и кажи: - врати се, отстапнице, керко Израилева - вели Господ. Јас нема да го излијам врз вас Мојот гнев; зашто Јас сум милостив, - вели Господ - нема вечно да негодувам.
13. Признај ја само вината своја: зашто отстапи ти од Твојот Господ Бог и се распушти со ту и под секое лиснато дрво, а Мојот глас не го слушаше, вели Господ.
14. Вратете се деца - отстапници, вели Господ, зашто Јас се соединив со вас, и ке земам од вас по еден од град и по двајца од племе и ке ве поведам на Сион.
15. И ке ви дадам по срцето Свое пастири, кои ке ве пасат со знаење и благоразумност.
16. И кога ке се размножите и ке станете многуплодни на земјата, тогаш, вели Господ, нема повеке да велите: ‘ковчегот на заветот Господов; тој ни на ум нема да им дојде, и нема да се сетат за него, ниту ке доа аат при него, ниту пак ке го има повеке.‘
17. Во тоа време Ерусалим ке го наречат престол на Господа, и сите народи заради името Господово ке се соберат во Ерусалим и нема повеке да постапуваат според упорноста на лошото си срце.
18. Во тие дни Јудиниот дом ке дојде при Израилевиот дом, и ке дојдат заедно од северната земја во земјата, која Јас им ја дадов во наследство на татковците ваши.
19. И реков Јас: ‘како да те поставам ме у синовите и да ти ја дадам многу саканата земја, најпрекрасното наследство на многуте народи?‘ И реков: ‘ти ке Ме нарекуваш твој Отец и нема да остапиш од Мене.‘
20. Но, навистина, како што жена вероломна го изневерува сопругот свој, така вероломно постапивте со Мене вие, доме Израилев, вели Господ.
21. Нека се чуе глас по идолските светилишта, жален плач на Израилевите синови, затоа што тие го свртија својот пат, го заборавија Господа, својот Бог.
22. Вратете се, синови одметници: Јас ке го излекувам вашето непокорство. - Еве, ние идеме при Тебе, зашто Ти си Господ, Бог наш.
23. Навистина, напразно се надевавме на ридовите и на многуте гори; навистина, во нашиот Господ Бог, е Израилевото спасение!
24. Уште од млади години таа гадотија ги уништуваше трудовите на нашите татковци, овците и воловите нивни, синовите и керките нивни.
25. Ние лежиме во својот срам, а нашиот срам не покрива, зашто грешевме пред нашиот Господ Бог, - ние и татаковците наши, уште од младите години наши дури до овој ден. - И не го слушнавме гласот на Господа, нашиот Бог.

  Jeremiah (3/52)