Jeremiah (29/52)  

1. Еве ги зборовите од писмото, кое пророкот Јеремија го испрати од Ерусалим до другите старешини ме у преселените, до свештениците, до пророците и до сиот народ, кој Навуходоносор беше го одвел од Ерусалим во Вавилон,
2. откако беа излегле од Ерусалим царот Јехонија, царицата, дворјаните, кнезовите на Јудеа и на Ерусалим, дрводелците и ковачите,
3. преку Елеаса, синот Сафанов, и преку Гамарија, синот Хелкиев, кои јудејскиот цар Седекија ги испрати во Вавилон до вавилонскиот цар Навуходоносора,
4. - вака вели Господ Саваот, Бог Израилев, до сите заробени, кои Јас ги преселив од Ерусалим во Вавилон -
5. правете куки и живејте во нив, садете градини и јадете ги плодовите нивни;
6. женете се и ра ајте синови и керки; и на синовите земајте им жени и керки и мажете ги, за да ра аат синови и керки, па размножувајте се таму, а не да се намалувате.
7. Грижете се за доброто на градот, во кој ве преселив, и молете Му се на Бога за него; оти, ако му е нему добро, и вие ке имате мир.
8. Зашто така вели Господ Саваот, Бог Израилев: нека не ве мамат вашите пророци, кои се ме у вас и вашите бајачи; и не верувајте им на соништата што ги сонувате.
9. Лажно во пророкуваат во Мое име; Јас не сум ги пратил, вели Господ.
10. Бидејки така вели Господ - кога во Вавилон ке исполните седумдесет години, тогаш ке ве посетам и ке го исполнам Мојот добар збор за вас, за да ве вратам на ова место.
11. Оти само Јас ги знам замислите, што сум ги смислил за вас, вели Господ, замислите за добро, а не за зло, за да ви дадам иднина и надеж.
12. Па ке повикате по Мене, ке појдете и ке Ме замолите, и Јас ке ве чујам;
13. ке Ме побарате, и ке Ме најдете, ако Ме побарате од се срце.
14. Kе Ме најдете, вели Господ, и ке ве вратам од ропство и ке ве соберам од кај сите народи и од сите мсета, каде што ве изгонив, вели Господ, и ке ве вратам онаму, од каде што ве преселив.
15. Вие велите: "Господ ни издигна пророци и во Вавилон."
16. Така вели Господ за царот, кој седи на Давидовиот престол, и за сиот народ, што живее во тој град; за браката ваши, што не се одведени со вас во ропство.
17. Вака вели Господ Саваот за нив - еве, ке испратам врз нив, меч, глад и помор и ке ги направам како лошите смокви, што не можат да се јадат поради негодниот вкус;
18. и ке ги гонам со меч, глад и помор и ке ги предадам на зло кај сите земни царства, за проклетство и ужас, за потсмев и навреда ме у сите народи, каде што ке ги оттерам,
19. поради тоа што не ги слушаа зборовите Мои, вели Господ, што ги пракав до нив преку слугите Мои, пророците, ги пракав од рано утро, но не послушавте, вели Господ.
20. А вие, сите преселиен, што ве пратив од Ерусалим во Вавилон, чујте го словото Господово:
21. вака вели Господ Саваот, Бог Израилев, за Ахава, синот на Колија, и за Седекија, синот на Масеа, кои во пророкуваат лага во Мое име: еве, Јас ке ги предадам во рацете на вавилонскиот цар Навуходоносора, и тој ке ги убие пред очите ваши.
22. И сите преселени Јудејци, кои се во Вавилон, ке се научат од нив да колнат: "Да ти направи Господ, како што им направи на Седекија и на Ахава, кои вавилонскиот цар ги изгоре на оган,"
23. поради тоа што вршеа гнасни работи во Израилот: прељубодејствуваа со жените на ближните свои и во Мое има кажуваа лага, што не сум им заповедал; Јас го знам тоа и Сам сум сведок, вели Господ.
24. И на Семаја од Елам речи му:
25. вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: поради тоа што во свое име пракаше писма до сиот народ во Ерусалим и до свештеникот Софонија, син Масејев, и до сите свештеници, велејки:
26. Господ те поставил за свештеник место свештеникот Јодај, за да бидеш ме у надзорниците во домот Господен, та секој што беснее и пророкува, да го затвориш и да го ставиш во клада.
27. Зошто не му забраниш на Јеремија од Анатот да пророкува кај вас?
28. Заради тоа и до нас во Вавилон испрати да кажат: "ропството ке трае долго - правете куки и живејте во нив, обработувајте ги градините и јадете ги плодовите нивни."
29. Кога свештеникој Софониј го прочите тоа писмо на глас пред пророкот Јеремиј,
30. тогаш би слово Господово до Јеремија:
31. Испрати, па кажи им на сите преселени - вака вели Господ за Семаја од Елам - бидејки Семаја пророкува кај вас, а Јас не сум го пратил, и ви кажува лажна надеж,
32. затоа, вака вели Господ: еве, ке го казнам Семаја од Елам и племето негово; ке нема од него човек да живее ме у овој народ и нема да го види доброто, што ке му го направам на Мојот народ, вели Господ - оти тој зборува против Господа.

  Jeremiah (29/52)