Jeremiah (28/52)  

1. Во истата година, во почетокот на царувањето на јудејскиот цар Седекиј, во четвртата година, во петтиот месец, Ананија, синот Азуров, пророк од Гаваон, зборуваше во домот Господен пред свештениците и сиот народ, велејки:
2. - вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: ке го скршам јаремот на вавилонскиот цар;
3. па две години ке ги вратам во ова место сите садови од домот Господен, кои вавилонскиот цар Навуходоносор ги зеде одовде и ги однесе во Вавилон.
4. и јудејскиот цар Јехонија, синот Јоакимов, и сите заробени Јудејци, што отидоа во Вавилон, ке ги вратам на ова место, вели Господ; бидејки ке го скршам јаремот на вавилонскиот цар.
5. И му рече пророкот Јеремија на пророкот Ананија пред сите свештеници и пред сиот народ, што стоеше во домот Господен,
6. па кажа пророкот Јеремија: нека биде така, нека го изврши тоа Господ, нека ги исполни Господ зборовите твои што ги изрече за вракањето од Вавилон, на садовите од домот Господен на ова место, и за сите заробени!
7. Само чуј го зборот што ке ти го кажам, чуј го ти, а нека го чуе и сиот народ;
8. пророрците, што беа пред мене и пред тебе, им претскажуваа на многу земји и на големи царства - војна, беда и помор.
9. Ако некој пророк претскажал мир, само тогаш тој бил признаван за пророк, навистина испратен од Господа, кога ке се исполни зборот на тој пророк.
10. Тогаш пророкот Ананија го зеде јаремот од вратот на пророкот Јеремија и го скрши.
11. И рече Ананија пред сиот народ: "вака вели Господ - ете, така ке го строшам јаремот на вавилонскиор цар Навуходоносора по две години, откако ке го извадам од вратот на сите народ. Тогаш си отиде Јеремија по својот пат.
12. И би слово Господово до Јеремија, откако пророкот Ананија го скрши јаремот од вратот на пророкот Јеремија:
13. оди и кажи му на Ананија - вака вели Господ: ти го скиши дрвениот јарем, но место него направи железен.
14. Зашто така вели Господ Саваот, Бог Израилев: железен јарем ке им ставам на вратот на сите овие народи за да му работат на вавилонскиот цар Навуходоносора, и тие ке му служат; дури и sверовите полски нему му ги предадов.
15. Па му рече пророкот Јеремија на пророкот Ананија: слушај, Ананија, Господ не те пратил, а ти лажна надеж му даваш на овој народ.
16. Затоа, вака вели Господ: еве, Јас ке те исфрлам од лицето на земјата; уште во текот на оваа година ке умреш, бидејки зборуваш против Господа.
17. И умре пророкот Ананија во таа година во седмиот месец.

  Jeremiah (28/52)