Jeremiah (27/52)  

1. Во почетокот од царувањето на јудејскиот цар Јоакима, син Јосиев, би слово Господово до Јеремија.
2. Вака ми рече Господ: направи си јажиња и јарем, па стави ги околу вратот.
3. И прати исто такви до идумејскиот цар, до моавскиот цар, до царот на синовите Амонови, до тирскиот цар и до царот на Сидон, по пратеници, што дошле во Ерусалим кај јудејскиот цар Седекија,
4. и порачај им да им кажат на господарите свои - вака вели Господ Саваот, Бог Израилев - кажете им го ова на вашите господари:
5. ја создадов земјата, човекот и животните, што се по земјината топка, со големата своја сила и со Својата крената мишка, па му ја давам на оној, кому сакам.
6. А, еве, сега, сите тие земји ги предавам во раката на вавилонскиот цар Навуходоносор, Мојот слуга, дури и sверовите полски му ги предава, за да му служат.
7. И сите народи ке му служат нему и на синот негов, и на внукот негов, се додека дојде времето на земјата негова и на него самиот, и ке му служат многу народи и големи цареви.
8. А, ако некој народ и некое царство не ке сака да му служи на вавилонскиот цар Навуходоносора и нема да го свитка вратот под јаремот на вавилонскиот цар, тој народ Јас ке го казнам со меч, со глад и со помор, вели Господ, додека не го истребам преку раката негова.
9. А вие не слушајте ги вашите пророци и башите бајачи, вашите јасновидци, вашите ма епсници и вашите вражачи, кои ви велат: "Нема да му служите на вавилонскиот цар."
10. Затоа што тие ви пророкуваат лага, за да ве оддалечат од земјата ваша, па Јас да ве изгонам и вие да загинете.
11. А оној народ, што ке го подведе вратот свој под јаремот на вавилонскиот цар и ке му служи, ке го оставам во неговата земја, вели Господ, и тој ке си ја обработува и ке живее во неа.
12. И на јудејскиот цар Седекија Јас му ги кажав истите зборови, велејки: наведнете го вратот под јаремот на вавилонскиот цар и служете му нему и на народот негов, па ке бидете живи.
13. Зошто да умреш ти и народот твој од меч, од глад и од помор, како што вели Господ за овој народ, што не сака да му служи на вавилонскиот цар?
14. И немојте да ги слушате зборовите на пророците, кои ви велат: "нема да му служите на вавилонскиот цар", зашто тие ви пророкуваат лага.
15. Јас не сум ги пратил, вели Господ; и тие лажно пророкуваат во Мое име, за да ве изгонам и да загинете, вие и пророците ваши, кои ви пророкуваат.
16. Им зборував и на свештениците и на сиот овој народ - вака вели Господ: не слушајте ги зборовите на вашите пророци кои ви пророкуваат и велат: "еве, наскоро ке бидат вратени од Вавилон садовите на домот Господен", бидејки тие ви пророкуваат лага.
17. Не слушајте ги, туку служете му на вавилонскиот цар и живејте; зошто да го доведете овој град до запустување?
18. Ако се, пак, тие пророци, и ако во нив има слово Господово, нека се молат пред Господа Саваота, па садовите што станале во домот Господен, во домот на јудејскиот цар и во Ерусалим, и да не се однесат во Вавилон.
19. Оти вака вели Господ Саваот: за столбовите и за морето, и за подножјата како и за другите работи, што останаа во овој град,
20. а кои вавилонскиот цар Навуходоносор не ги зеде, кога го одведе во ропство јудејскиот цар Јехонија, синот Јоакимов, царот јудејски од Ерусалим и сите старешини во Вавилон,
21. зашто вака вели Господ Саваот, Бог Израилев, за садовите што останаа во домот Господен, во домот на јудејскиот цар и во Ерусалим:
22. тие ке бидат однесени во Вавилон и таму ке останат, се додека ве посетам, вели Господ, и ве изведам и ве вратам во ова место.

  Jeremiah (27/52)