Jeremiah (24/52)  

1. Господ ми покажа: и, еве, две кошници со смокви, поставени пред храмот Господен, откако вавилонскиот цар Навуходоносор го изведе од Ерусалим заробениот јудејски цар Јехониј, синот Јоакимов, и јудејските кнезови со дрводелците и ковачите и ги одведе во Вавилон;
2. едната кошница беше полна со многу добри смокви, какви што се раните смокви, а втората кошница - со смокви, многу лоши, кои поради лошиот вкус не можеа да се се јадат.
3. И ме праша Господ: што гледаш, Јеремиј? - Јас одговорив; убавите смокви се многу добро, а лошите - многу лоши, така што не можат да се јадат, оти не се вкусни воопшто.
4. И би слово Господово до мене:
5. вака вели Господ, Бог Израилев - како овие добри смокви Јас ке ги препознаам добрите преселници јудејски, што ги испратив од ова место во земјата Халдејска.
6. И ке ги свртам кон нив очите Мои за нивно добро и ке ги вратам во оваа земја, и ке ги подигнам, нема да ги сосипам, и ке ги посадам, а не да ги искоренам;
7. и ке им дадам срце, за да Ме познаваат, дека Јас сум Господ, и тие ке бидат Мој народ. Јас пак ке им бидам нивни Бог, оти тие ке се обрнат кон Мене од се срце.
8. А за лошите смокви, кои не можат да се јадат поради нивниот вкус, така вели Господ: такви ке ги направам јудејскиот цар Седекија и кнезовите негови, и другите ерусалимци, што ке останат во оваа земја и што ке живеат во Египетската земја;
9. и ке ги предадам на зло и тешко страдање во сите земни царства, за поруга и за приказ, за потсмев и за проклетство по сите места, каде што ке ги растурам.
10. Па ке испратам врз нив меч, глад и помор, додека не ги истребам од земјата, која им ја дадов ним и на татковците нивни.

  Jeremiah (24/52)