Jeremiah (23/52)  

1. Тешко им на пастирите, што ги погубубаат и растураат овците на Моето стадо, вели Господ.
2. Затоа вака вели Господ, Бог Израилев, кон пастирите, кои го пасат народот Мој: вие ги растуривте овците Мои, ги упропастивте и не се грижите за нив; еве, Јас ке ве казнам за вашите лоши дела, вели Господ.
3. И ке го соберам остатокот од Моето стадо, од сите земји каде што ги бев изгонил, и ке ги вратам во трлата нивни, па ке се плодат и ке се размнжуваат.
4. И ке поставам над нив пастири, што ке ги пасат, и тие нема веке да се бојат, ниту ке се плашат и нема да се губат, вели Господ.
5. Еве, настапуваат дни, вели Господ, и ке му издигнам на Давида фиданка, и ке се зацари Цар, Кој ке постапува мудро и ке суди праведно на земјата.
6. Во дните Негови Јуда ке се спаси, и Израилот ке живее безопасно; и еве, - Неговото име со кое ке го именуваат е "Господ - наше оправдание!"
7. Затоа, еве, идат дните, вели Господ, кога веке нема да се зборува: "жив Господ, Кој ги изведе синовите Израилеви од земјата Египетска",
8. туку "да е жив Господ, Кој го изведе и Кој го доведе племето на домот Израилев од северната земја и од сите земји, каде што ги беше изгонил", и тие ке живеат во земјата своја.
9. Поради пророците срцето ми се кине во мене, сите коски ми се тресат, јас сум како пијан, како човек што го фатило виното, заради Господа и заради Неговите свети зборови,
10. зашто земјата се наполни со прељубници, и земјата плаче поради проклеството; се исушиле пасиштата по пустињите, зашто стремежот им е зло, а силата нивна - неправда;
11. бидејки и пророкот и свештеникот се лицемерни: дури и во домот Мој го забележав бесчестието нивно, вели Господ.
12. Затоа патот нивни ке биде лизгаво место во темнината - ке ги туркаат и тие ке па аат таму; оти Јас ке испратам вз нив беда во годината, кога ке ги посетам, вели Господ.
13. А кај пророците во Самарија видов безумние, тие пророкуваат во името на Ваала и во воведуваат во заблуда народот Мој, Израилот.
14. А кај пророците во Ерусалим гледам нешто страшно: тие прељубодејствуваат и одат во лага, ги поткрепуваат рацете на злодејците, та никој од нив да не се откаже од бесчестието свое; сите тие се пред Мене како Содом, а жителите негови - како Гомор.
15. Затоа вака вели Господ Саваот за пророците: еве, ке ги нахранам со пелин и ке ги напојам со жолчна вода, заради тоа што од ерусалимските пророци се разнесе осквернување по целата земја.
16. Така вели Господ Саваот: немојте да ги слушате зборовите на пророците, кои ви пророкуваат - тие ве лажат, кажуваат измислени работи од срцето свое, е не она што доа а од устата Господова.
17. Тие постаојано им зборуваат на оние, кои не Ме почитуваат: "Господ рече, мир ке имате." И на секого кој се управува според тврдокорноста на срцето свое, велат: "зло нема да ве снајде."
18. Зашто, кој е тој што стоел во советот на Господа, па видел и го чул словото Негово? Кој внимавал на Неговото слово и кој го чул тоа?
19. Еве, иде бурата Господова со јарост, бура страшна, и ке се свие врз главата на безбождниците.
20. Гневот Господов нема да се одврати се додека Он не ги изврши и додека не ги исполни замислите на Своето срце; во последните дни тоа наполно ке го разберете.
21. Јас не ги пракам тие пророци, а самите се беа растрчале; Јас не им зборував, а тие пророкуваа.
22. Да беа стоеле во советот Мој, тие ке ги објавеа на Мојот народ зборовите Мои и ке ги отклонеа од нивниот лош пат и од нивните лоши дела.
23. Зар Јас сум Бог, кој само одблизу зборувам, вели Господ, а не Бог и од далеку?
24. Може ли чове да се сокрие на место тајно, каде што Јас не би го видел? - вели Господ. Зар не го исполнувам Јас небото и земјата - вели Господ.
25. Јас слушав што зборуваат пророците, кои во името Мое пророкуваат лага. Тие велат: "ми се сони, ми се сони."
26. Долго ли ке трае тоа во срцето на пророците, кои пророкуваат лага, кои пророкуваат измама од срцата свои?
27. Мислат ли тие дека преку своите соништа, што си ги раскажуваат еден на друг, да го доведат Мојот народ дотаму што да го заборави името Мое, како што го заборавија татковците нивни името Мое заради Ваала?
28. Пророкот што видел сон, нека го раскаже како сон, а во кого е словото Мое, нека го каже вено словото Мое. Што заедничко има плевата со пченицата, вели Господ.
29. Зар не е Моето слово како оган, вели Господ, и не е ли како чекан што крши карпа?
30. Затоа, еве, Јас сум против пророците, вели Гсопод, кои ги крадат зборовите Мои еден од друг.
31. Еве, Јас сум против пророците, вели Господ, кои го креваат својот јазик и велат: "Он рече."
32. Еве, Јас сум против пророците на лажни соништа, вели Господ кои ги кажуваат и преку своите измами и итрини го заблудуваат, Мојот народ, кога Јас не сум ги пратил, ниту сум им заповедал; затоа тие не донесуваат никаква полза за тој народ, вели Господ.
33. Ако те праша тој народ, или пророк, или свештеник: какво е бремето од Господа? а ти кажи му - "вие сте бреме. Јас ке ве напуштам," вели Господ.
34. Ако пророкот, или свештеникот, или народот каже: "тоа е бреме од Господа", Јас ке го казнам тој човек и домот негов.
35. Туку вака велите еден на друг и брат брату: "што одговори Господ?" или - "што вели Господ?"
36. А тој збор: "бреме од Господа", не употребувајте го во иднина, зашто на таков човек бреме ке му биде неговиот збор, бидејки вие ги изопачувате зборовите на живиот Бог, Господа Саваота, нашиот Бог.
37. Вака вели му на пророк: "што ти одговори Господ?" или - "што рече Господ?"
38. Ако пак се уште велите: "бреме од Господа", тоа така вели Господ, поради тој збор што го кажувате - "бреме од Господа", кога пак, Јас ве пратив да велите: не говорете - "бреме од Господа",
39. еве затоа ке ве заборавам наполно, ке ве оставам и ке го отфрлам од лицето Свое овој град, кој ви го дадов вам и на татковците ваши.
40. И врз вас ке испратам вечна поруга и вечен срам, кој нема да се заборави.

  Jeremiah (23/52)