Jeremiah (22/52)  

1. Вака вели Господ: слези во домот на царот Јудин, и речи го таму ова слово,
2. па кажи: чуј го словото Господово, царе јудејски, ти, кој седиш на Давидовиот престол, ти и твоите слуги и лу ето твои, кои влегуваат низ овие порти.
3. Вака вели Господ: извршувајте суд и правда и спасувајте го угнетуваниот од рацете на угнетувачот и не притеснувајте го придојдениот, како ни сиракот ни вдовицата, и не проливајте невина крв на ова место.
4. Оти, ако го исполнувате ова слово, низ портите на овој дом ке влегуваат цареви, што ке седат место Давида на престолот негов, што ке се возат во коли и ке јаваат на коњи, тие и слугите нивни и лу ето нивни.
5. Ако, пак, не ги послушате овие зборови, се колнам во Себе, вели Господ дека овој дом ке запустее.
6. Оти, така вели Господ за домот на јудејскиот цар: ти си за Мене Галад и ливански врв; Јас ке направам од тебе пустиња, и градовите твои ке станат ненаселени;
7. а ке повикам против тебе истребители, секој со своето оружје - и тие ке ги исечат твоите најубави кедри и ке ги фрлат во оган.
8. И многу народи ке минуваат низ овој град и ке си прикажуваат еден на друг: "Зошто така постапи Господ со овој голем град?"
9. И ке си одговорат - "затоа, оти тие го оставија заветот на Господа, својот Бог, и се поклонија на други богови и ним им служеа."
10. Не плачете за умрениот и не жалете за него; туку горко плачете за оној, што оди во ропство, оти тој веке нема да се врати и нема да го види својот роден крај.
11. Оти вака вели Господ за Салума, синот на јудејскиот цар Јосија, кој царуваше по татка си Јосија, и кој излезе од тоа место, тој веке нема да се врати во него,
12. Но ке умре таму, каде што го одведоа како роб, и нема веке да ја види оваа земја.
13. Тешко му на оној, кој гради своја кука со неправда, и свои соби - со беззаконие, кој го присилува ближниот свој да му работи без награда и не му дава плата,
14. кој вели - ке си направам голема кука и широки одделенија, и кој отвора прозорци, ги обложува со кедар и ги бојадисува со црвена боја.
15. Мислиш ли да стенеш цар, откако си се оградил со кедар? Татко ти јадеше и пиеше, но вршеше суд и правда, па затоа му беше добро.
16. Тој го разгледуваше делото на беден и на сиромав, и затоа му беше добро. Зар не значи тоа, дека ти Ме познаваш? - вели Господ.
17. Но твоите очи и твоето срце се свртени само кон корист за себеси и кон проливање невина крв, за да притеснуваш и присилуваш.
18. Затоа, вака вели Господ за Јоакима, синот на јудејскиот цар Јосија: нема да го оплакуваат - "о брате!" и "о сестро!", нема да го оплакуваат: "о господаре!" и "о негово величие!"
19. Како осел тој ке биде погребен; ке го изнесат и ке го фрлат далеку од ерусалимските порти.
20. Качи се на Ливан и извикај, подигни го гласот свој на Васан и викни од Аварин, зашто погубени се сите твои пријатели.
21. Јас ти зборував, кога ти беше добро, но ти рече: нема да послушам. Такво беше твоето поведение уште од младоста, дека ти не го слушаше гласот Мој.
22. Сите твои пастири ветар ке ги одвее, а пријателите твои во ропство ке отидат и тогаш ти ке бидеш посрамен и нажален за сите твои злодела.
23. Ти, кој живееше на Ливан и си свил гнездо во кедрите, колку ли ке офкаш, кога ке те постигнат болки, како на жена која ра а!
24. Жив сум Јас, вели Господ: да ми беше јудејскиот цар Јехониј, синот на Јоакома, прстен на десната рака Моја, и оттаму ке те откинам,
25. и ке те предадам во рацете на оние, кои ја бараат душата твоја, и во рацете на оние, од кои се плашиш, во рацете на вавилонскиот цар Навуходоносор и во рацете на Халдејците.
26. Па ке те исфрлам тебе и твојата мајка, коа те родила, во ту а земја, каде што не сте се родиле, а таму ке умрете.
27. А во земјата, каде што душата нивна сака да се врати, таму нема да се вратат.
28. "Зар тој човек, Јехониј, презрено суштество, е отфрлен и негоден сад, бидејки тој и племето негово беа фрлени во земја што не ја познавале?"
29. О, земој, земјо, земјо, чуј го словото Господово!
30. Така вели Господ, запишете го овој човек како лишен од деца, како човек со злочести дни, зашто никој од племето негово веке нема да седи на престолот Давидов и нема да владее во Јудеја.

  Jeremiah (22/52)