Jeremiah (21/52)  

1. Слово, кое дојде од Господа до Јеремиј, кога царот Седекија го испрати до него Пасхора, синот Молхиев, и свештеникот Софонија, син Маасиев, за да му кажат:
2. "Прашај Го Господа за нас, зашто вавилонскиот цар Навуходоносор војува против нас; можеби Господ ке направи со нас некое од своите чудеса, за да си отиде тој од нас!"
3. И им рече Јеремиј: ова кажете му го на Седекија -
4. вака вели Господ, Бог Израилев - еве, Јас ке ги свртам назад воените оружја, кои се во вашите раце, со кои се биете со вавилонскиот цар и против Халдејците, што ве опседнуваат наоколу, надвор од sидовите и ке ги поразам во средината на градот;
5. и Сам ке војувам против вас со протегната рака и со силна мишка, со гнев и со јарост и со големо негодување;
6. И ке поразам се, што живее во тој град - и лу ето и добитокот; од голем помор ке изумрат тие.
7. А потоа, вели Господ, јудејскиот цар Седекија, слугите негови, народот и сите избавени од помор во тој град, од меч и од глад ке ги предадам во рацете на Навуходоносора, царот вавилонски, во рацете на нивните непријатели и во рацете на оние, што ја бараат душата нивна, и тој ке ги сотре со остар меч и нема да ги поштеди, нема да ги пожали и нема да се смилостиви над нив.
8. Па кажи му на тој народ - вака вели Господ: еве, Јас ви предлагам пат кон живот и пат кон смрт,
9. оној, што ке остане во тој град, ке умре од меч, од глад и од помор, а кој ке излезе и им се предаде на Халдејците, што го опсадуваат, ке биде жив, но душата негова ке биде заробена место него;
10. зашто Јас го свртив лицето Свое против тој град, вели Господ, за зло, а не за добро; тој ке биде предаден во рацете на вавилонскиот цар, и тој ке го изгори со оган.
11. Зборувај и кон домот на јудејскиот цар: чујте го словото Господово -
12. доме Давидов, така вели Господ: судете рано изутрина и избавете го угнетуваниот од рацете на угнетувачот, за да не избувне оган од јароста Моја и да се разгори поради вашите лоши дела, што никој не ке може да го угасне.
13. Еве, Јас сум против тебе, ти што седиш, како на карпа во долината, вели Господ, против вас сум вие кои велите: "кој ке излезе против нас и кој може да влезе во нашите живеалишта?"
14. Но, Јас ке ве казнам според плодовите на делата ваши, вели Господ, и ке запалам оган во вашата гора; која ке проголта се што постои околу неа.

  Jeremiah (21/52)