Jeremiah (20/52)  

1. Кога Пасхор, синот Емеров, свештеник и надзорник во домот Господен, чу дека Јеремија ги изговорил тие пророчки зборови,
2. тој го удри пророкот Јеремија и го затвори во затворот, што беше до горните порти Венијаминови при домот Господен.
3. Но утредента Пасхор го ослободи Јеремија од затворот и Јеремиј му рече: Господ те нарече не Пасхот, туку Магор Мисавив.
4. Оти вака рече Господ: еве, ке те направам ужас за тебе самиот и за сите твои пријатели, и ке паднат во бој од непријателите свои и очите твои ке го видат тоа. И сиот Јуда ке го предадам во рацете на вавилонскиот цар, кој ке го одведе во Вавилон и ке го убие со меч.
5. И ке го прададам сето богатство на тој град, сиот имот негов и сите негови драгоцености; и сите ризници на царевите јудејски ке ги дадам на неговите напријатели, што ке ги разграбаат, ке ги земаат и ке ги однесат во Вавилон.
6. И ти Пасхоре, и сите, што живеат во твојата кука, ке отидете во ропство; ке отидеш во Вавилон, таму ке умреш и таму ке бидеш погребан, та и сите твои пријатели, на кои ти лажно им пророкуваше.
7. Господи, ти ме вовлекуваше, и јас сум вовлечен; Ти си посилен од мене и ме победи, а јас секој ден станувам за потсмев, секојсе шегува со мене.
8. Затоа, што ке почнам да зборувам, зборувам за насилство, зборувам за разорување, бидејки словото Господово стана за мене поруга и секојдневен потсмев.
9. Па се сетив: нема веке да спомнувам за Него, ниту ке зборувам во Негово име; но во срцето како да имам распален оган, затворен во коските мои, и се измачував да го здржам - но не можев.
10. Бидејки слушав шепотење од мнозина, закана - од секаде: кажете, велеа тие, и ние ке го обвиниме. Сите, што живееја со мене во мир, сега ме демнат, нема ли некаде да погрешам: "можеби, велат, тој ке се улови, и ние ке го победиме и ке му се одмаздиме."
11. Но со мене е Господ како страшен јунак; затоа моите гонители ке се сопнат и нема да ме победат; многу, многу ке се засрамат, оти постапуваат неразумно; срамот ке биде вечен, нема никогаш да биде заборавен.
12. Господи на силите, Ти го испитуваш праведникот и ја гледаш утробата и срцето негово. Дозволи да ја видам одмаздата Твоја над нив, зашто Тебе Ти го доверив делото свое.
13. Пејте Му на Господа, фалете Го Господа, зашто Он ја спасува душата на бедниот од рацете на злодејците.
14. Проклет да е денот, во кој се родив; денот, во кој ме роди мојата мајка, нека не е благословен!
15. Проклет да е човекот кој ја пренесе веста до татака ми и му рече: "ти се роди син" и со тоа многу го зарадува.
16. И со тој човек да стане она, што стана со градовите, кои Господ ги разруши и не ги пожали; нека слуша тој пискот наутро и напладне - плач,
17. затоа што не ме уби уште во утробата, така што мајка ми да станеше мој гроб и утробата нејзина да останеше вечно бремена.
18. Зошто излегов од утробата, за да гледам маки и таги и денови мои да минувам во срам?

  Jeremiah (20/52)