Jeremiah (18/52)  

1. Слово Господово што дојде до Јеремија:
2. стани и слези во домот на грнчарот, и таму ке ти ги кажам зборовите Мои.
3. Слегов во домот на грнчарот, а тој ја вршеше својата работа на тркалото.
4. Садот, пак, што го правеше грнчарот од глина, се растури во рацете негови. Но тој одново направи од него друг сад, како што му падна на ум да направи.
5. И би слово Господово до мене:
6. доме Израилев, не можам ли да постапам со вас како овој грнчар, рече Господ. Ете, како што е глината во рацете на грнчарот, тоа сте и вие во рацете Мои, доме Израилев.
7. Понекогаш, велам Јас за некој народ и царство, дека ке го искоренам, ке го згазам и погубам;
8. но, ако тој народ, врз кого сум го изрекол тоа се поврати од лошите свои дела, Јас го одлагам злото, што сум намислил да го направам.
9. А понекогаш велам за некој народ и некое царство дека ке ги подигнам и ке ги зацврстам;
10. но, ако тој народ врши зло пред очите Мои и не го послуша гласот Мој, ке го одменам доброто, со кое сум намислил да го дарувам.
11. Па така, кажи им на лу ето Јудини и на жителите ерусалимски: вака вели Господ - еве, Јас ви подготвувам зло и смислувам нешто против вас; затоа повратете се секој од својот лош пат и исправете ги патиштата свои и постапките свои.
12. Но тие велат: "Не надевај се; ние ке си живееме како што сакаме и секој од нас ке постапува според упорството на своето лошо срце."
13. Затоа вака вели Господ: распрашајте се ме у народите, дали чул некој нешто слично? Многу гнасни дела изврши Израилевата девојка.
14. Ги напушта ли ливанскиот снег планинските карпи, и секнуваат ли по други места течните студени води?
15. А Мојот народ Ме остави; кади на суети, се спотакнува на своите патишта, ги остава старите патишта, за да оди по патеки, по непрооден пат,
16. за да ја направи земјата своја ужас, вечен срам, така што секој што ке минува преку неа да се чуди и да мавта со главата.
17. Како источен ветар ке ги распрснам пред непријателот; со грбот, а не со лицето свое ке се свртам кон нив во денот на нивната невоља.
18. А тие рекоа: "Дојдете да направиме заговор против Јеремија; оти нема да исчезне законот на свештеникот и советот на мудриот и зборот на пророкот, дојдете да го убиеме и да не обрнуваме внимание на неговите зборови."
19. Послушај ме, Господи, и чуј го гласот на моите противници.
20. Треба ли да се врака зло за добро, а тие ми копаат јама за душата моја. Сети се дека стојам пред лицето Твое, за да зборувам добро за нив, за да го одвратам од нив гневот Твој.
21. И така, предај ги синовите нивни на глад и направи да загинат од меч; жените нивни да немаат деца и да станат вдовици, мажите нивни да умираат, а младичите нивни да бидат убивани во бој.
22. Нека се слуша пискот од куките нивни, кога ненадејно ке испратиш војска; зашто тие копаат јама, за да ме фатат, и тајно поставија замка за нозете мое.
23. Но Ти, Господи, им ги знаеш сите нивни сплетки против Мене, за да ме убијат; не проштевај ги неправдите нивни, и не бриши го гревот нивни, пред лицето Свое; нека попа аат пред Тебе; дејствувај против нив, кога си гневен.

  Jeremiah (18/52)