Jeremiah (17/52)  

1. Гревот на Јуда е напишан со железно длето, со врв од дијамант е врежано врз плочите на срцето нивно и врз роговите на нивните жртвеници.
2. Та синовите нивни да се секаваат на нивните жртвеници и на нивните светилишта покрај зелените дрвја, на високи ридови.
3. Мојата гора во полето, имотот твој, и сите твои драгоцености ке ги предадам на разграбување, и твоите идолски светилишта - за твоите гревови во сите твои предели.
4. И ти поради себеси ке се лишиш од наследството свое, што ти го бев дал, и ке те пратам во ропство кај твоите непријатели, во земјата, која ти не ја познаваш, заради тоа што вие го разгоревте огнот на Мојот гнев, он ке гори вечно.
5. Така вели Господ: проклет да е оној човек, што се надева на човек и кој телото свое го смета за сила, и чие срце се клони од Господа.
6. Тој ке биде како троскот во пустиња и нема да види кога ке дојде доброто, па ке се насели во топли пустињски места, во неплодна земја и негодна за живеење.
7. Благословен е оној човек, кој се надева на Господа, и кому надежта му е Господ.
8. Затоа што тој ке биде како дрво посадено крај води, што ги пушта корењата свои покрај потокот; тоа не знае кога настанува припек; лисјата му се зелени, и во време на суша не се плаши и не престанува да дава плод.
9. Лукаве е човечкото срце повеке од се и е наполно расипано; кој ке го разбере?
10. Јас, Господ, проникнувам во срцето и ја испитувам утробата, за да му дадам на секого според патот негов и според плодовите на делата негови.
11. Јаребицата лежи врз јајца што не ги снесла: таков е оној, кој со неправда спечалува богатство; тој ке го остави во половината до животот свој и ке стане глуп пред крајот свој.
12. Престолот на славата, возвишен уште од почетокот, е место за нашето осветување.
13. Ти си, Господи, надеж Израилева; сите оние, кои Те оставаат нека се засрамат. "Кој отстапува од Мене нека биде запишан на земјата, зашто го оставија Господа, изворот на жива вода."
14. Исцели ме Господи, и исцелен ке бидам; спаси ме, и спасен ке бидам, зашто Ти си моја похвала.
15. Еве, тие ми велат: "каде е словото Господово? нека дојде!"
16. Јас не брзав да стана пастир при Тебе и не го сакав бедниот ден, Ти го знаеш тоа; што излезе од устата моја, откриено е пред лицето Твое.
17. Не биди страшен за мене, Ти си надеж моја во лош ден.
18. Нека се засрамат гонителите мои, но јас нема да се посрамам; нека затреперат, а јас нема да затреперам; испрати врз нив злочест ден и уништи ги со двојно уништување.
19. Така ми вели Господ: оди и застани пред портите на синовите народни, низ кои влегуваат царевите јудејски и низ кои излегуваат, и пред сите ерусалимски порти,
20. па речи им: цареви јудејски, цела Јудејо и сите ерусалимски жители, вие, кои влегувате низ овие порти, чујте го словото Господово.
21. Вака вели Господ: пазете ги душите свои и не носете товар во саботен ден и не внесувајте го низ портите ерусалимски,
22. и не изнесувајте товар од куките свои и во саботен ден и не вршете никаква работа, но саботниот ден сметајте го за свет ден така, како што сум им заповедал на татковците ваши,
23. кои, пак, не послушаа и не го приклонија увото, туку станаа тврдоглави, за да не слушаат и да не примаат поука.
24. И, ако ме послушате, вели Господ, да не носите товар во саботен ден низ портите на овој град и саботата да ја сметате за света, во тој ден не вршејки никаква работа,
25. тогаш низ портите на овој град ке влегуваат цареви и кнезови, кои ке седат на Давидовиот престол, кои ке се возат во коли и ке јаваат на коњи, тие и кнезовите нивни, Јудејци и ерусалимски жители, тогаш овој град ке биде вечно населен.
26. Па ке доа аат од градовите јудејски, од ерусалимската околина и од земјата на Венијамина, од рамнините, од планините и од југ, и ке принесуваат сепаленици и жртви, лебен принос, ливан и благодарствени жртви во домот на Господа.
27. Ако, пак, не Ме послушате, за да го сметате саботниот ден како свет и да не носите товар, кога влегувате низ ерусалимските порти во саботен ден, тогаш ке запалам оган пред портите негови, и тој ке ги проголта куките ерусалимски и нема да угасне.

  Jeremiah (17/52)