Jeremiah (15/52)  

1. И ми рече Господ: да беа застанале пред лицето Мое дури Мојсеј и Самуил, душата моја пак немаше да се приклони кон тој народ; отерај ги од пред лицето Мое, нека си одат.
2. Ако, пак, те прашаат: "каде да одиме?" - кажи им: вака вели Господ - кој е за смрт, нека оди во смрт: и кој е за меч - под меч; кој е, пак, за глад - на глад; и кој е за ропство - во ропство.
3. И ке испратам врз нив четири вида смрт, вели Господа: меч за да ги убива, кучиња, за да ги раскинуваат, небески птици, и полски sверови, за да ги изедуваат и истребуваат.
4. И ке направам да се озлобат против нив сите земни царства заради Манасија, синот на Јудејскиот цар Езекија, за оној што го изврши тоа во Ерусалим.
5. Оти, кој ке ти пожали, Ерусалиме, кој ке ти изјави сочувство, и кој ке наврати до тебе, за да те праша добро ли ти е?
6. Ти Ме остави, вели Господ, отстапи; затоа, ке ја протегнам Својата рака врз тебе и ке те погубам; се уморив, за да покажувам милост.
7. Јас ке ги одвеам со вејачка пред портите на земјата, ке ги лишам од деца, ке го сотрам Мојот народ; но тие нема да се вратат од своите патишта.
8. Kе има кај нив вдовици многу повеке од морскиот песок; ке испратам врз нив, врз мајката на младичите, уништувач попладне, ненадејно ке ги опфати страв и ужас.
9. Kе изнемогне онаа што лежи, која родила седум, ке го предава духот; уште во текот на денот ке зајде сонцето нејзино; таа е смутена и посрамена. И другите од нив ке ги предадам на меч пред очите на нивните непријатели, вели Господ.
10. "Тешко мене, мејко моја, зошто ме роди човек, кој се расправа и се кара со целата земја! Никому не сум давал со лихва и мене никој не ми давал, а сите ме проколнуваат."
11. Годпод рече: крајот ке ти биде добар, и Јас ке го присилам непријателот твој да постапува со тебе добро во времето на бедата и за време на жалоста.
12. Може ли железото да скрши северно железо и бакар?
13. Твојот имот и твоите сокровишта ке ги предадам на разграбување, без цена, заради сите твои гревови, во сите твои предели.
14. И ке те одведам со непријателите твои во земја, што не ја познаваш; зошто оган се разгоре од Мојот гнев, ке гори над вас.
15. О Господи! Ти се знаеш; сети се за мене и посети ме, и одмазди се за мене на моите гонители; според Своето долготрпение не погубувај ме; Ти знаеш дека зариди Тебе поднесува поруга.
16. Ги најдов зборовите Твои и ги проголтав; Твоето слово ми беше за радост и веселба на срцето мое; оти името Твое е призивано врз мене, Господи Боже Саваот.
17. Не, на совет со подбивачи и не сум се веселел: под Твојата тешка рака врз мене седев сам, бидејки Ти ми беше исполнил со негодување.
18. Зошто е толку долготрајна болката моја, и раната моја е толку неизлечива, оти не се подавам ли на лекување? Зар Ти ке бидеш за мене како лажлив извор, како неверна вода.
19. Затоа, вака рече Господ: ако се обратиш, ке те поставам пак на нозе и ке стоиш пред лицето Мое; и, ако извлечеш скапа работа од ништо, ке бидеш како Мојата уста. Тие сами ке се свртуваат кон тебе, а ти нема да се обрнуваш кон нив.
20. И за тој народ ке те направам силен бакарен sид; тие ке војуваат против тебе, но нема да те победат, бидејки Јас сум со тебе, за да те спасувам и да те избавувам, вели Господ.
21. И ке те спасам од рацете на лошите и ке те избавам од рацете на насилниците.

  Jeremiah (15/52)