Jeremiah (14/52)  

1. Слово Господово што би до Јеремија за суша.
2. Плаче Јуда, портите му се урнати, лежат на земјата поцрнети, и пискот се крена во Ерусалим.
3. Големците ги пракаат слугите свои по вода; тие одат при изворите и не нао аат вода; се вракааат со празни садови; посрамени и смутени, тие ги покриваат главите свои.
4. Бидејки земјата напукнала од суша, и земјоделците се смутени и ги покриваат главите свои.
5. Дури и кошутата, кога ке роди во полето, ги остава младите свои, оти нема трева.
6. И дивите осли стојат по високите места и голтаа воздух како шакали; очите им се потемнети, зашто нема трева.
7. И ако нашите беззаконија сведочат протв нас, но Ти, Господи, постапи со нас заради името Твое; големо е нашето отстапништво, згрешивме пред Тебе.
8. Надеж Израилева, Спасителе негов во зло време! Зошто си како ту инец во оваа земја, како патник што дошол да пренокева?
9. Зошто си како уморен човек, како јунак што нема сила да спасува? А и покрај сето тоа, Господи, Ти си ме у нас и името Твое се призива од нас. Не оставај не!
10. Така зборува Господ кон овој народ. Бидејки сакаат да скитаат, не ги запираа нозете свои, Господ не благоволи кон нив, се сети сега за беззаконијата нивни и ги казнува гревовите нивни.
11. И ми рече Господ: немој да се молиш за доброто на овој народ.
12. Ако постат, нема да го чујам пискотот нивни; и, ако принесат и сепаленица и дар, нема да ги примам; но со меч, со глад, и со помор ке ги истребам.
13. Тогаш реков: Господи Боже, еве пророците им кажуваат: меч нема да видите, и глад нема да има кај вас, а ке ви дадам постојанен мир на ова место.
14. И ми рече Господ: пророците пророкуваат лага во Мое име, Јас не сум ги пратил и не сум им дал заповеди, ниту сум им зборувал; тие ви проповедуваат лажни виденија и баења, суета и измислици од своето срце.
15. Затоа вака вели Господ за пророците: тие пророкуваат во Мое име, но Јас не сум ги ипракал; тие зборуваат: "меч и глад нема да има во таа земја" - со меч и глад ке бидат истребени тие пророци.
16. И народот, кому му пророкуваат, од глад и меч ке биде кутнат по улиците ерусалимски, и не ке има кој да ги погребе - нив и жените нивни, синовите нивни и керките нивни; и Јас ке ја излеам врз нив нивната лошотија.
17. Па кажи им ги овие зборови: нека се лијат солзи од очите мои дење и ноке и нека не престануваат, оти со голем пораз, со тежок удар е поразена девојката, керката на мојот народ.
18. Излегувам по полето, а таму - убиени со меч; влегувам во градот, и ете многумина умираат од глад: дури и пророк и свештеник отидоа несвесно по земја што не ја знаеја.
19. Зар наполно ти го отрфли Јуда? Зар душата Твоја го замрази Сион? Зошто така не поразуваш, за да не можеме да се излечиме? Чекаме мир - а нема ништо добро; чекаме време за спасување - а еве, ужаси.
20. Ја сознавме, Господи, нечесноста своја, беззаконијата на нашите татковци, дека згрешивме пред Тебе.
21. Не отфрлај не нас заради името Твое; не понижувај го престолот на Својата слава: сети се, не разрушувај го Твојот завет со нас.
22. Име ли ме у незнабожечките суетни богови такви, што можат да дадат дожд, или, пак, може ли небото само од себе да лие голем дожд? Зар не си Ти тоа, Господи Боже наш? На Тебе се надеваме, оти Ти го создаваш сето тоа.

  Jeremiah (14/52)