Jeremiah (13/52)  

1. Вака ми рече Господ: оди и купи си ленен појас и опаши се со него, но не клавај го во вода.
2. Јас си купив појас, како што рече Господ, и го препашав крстот свој.
3. И би слово Господово до мене по вторпат, и ми беше речено -
4. земи го појасот, што го купи, и кој ти е на крстот твој, па стани и оди до Ефрат и сокри го таму во некоја камена пукнатина.
5. Јас отидов и го сокрив при Ефрат, како што ми заповеда Господ.
6. А штом изминаа повеке дни, Господ ми рече - стани, оди при Ефрат и земи го оттаму појасот, за кој ти бев заповедал да го сокриеш таму.
7. И јас отидов до Ефрат, ископав и го зедов појасот од местото, каде што го бев сокрил, а тоа - појасот беше изгнил и станал веке неупотреблив.
8. И би слово Господово до мене:
9. вака вели Господ ке ја скршам гордоста на Јуда, и големата гордост на Ерусалим.
10. Тој лош народ, кој не сака да ги слуша зборовите Мои, живее според тврдокорното срце свое и оди по други богови, за да им служи и да им се клања, па ке биде како овој појас, кој не е годен за ништо.
11. Оти, како што појасот се прилепува до крстот на човекот, така и Јас го прилепив до Себе сиот Израилев и сиот Јудин дом, вели Господ, за да бидат Мој народ и Моја слава, похвала и украс, но тие не послушаа.
12. Затоа, кажи им го овој збор: вака вели Господ, Бог Израилев - секој мев за вино се полни со вино. Тие ке ти речат: зар ние не знаеме, дека секој мев за вино се полни со вино?
13. А ти кажи им: еве што вели Господ - Јас ке ги наситам со вино до опивање сите жители на таа земја, и царевите, кои седат на Давидовиот престол, свештениците и пророците и сите ерусалимски жители,
14. и ке ги судрам еден со друг, татковците со синовите заедно, вели Господ; нема да ги поштедам, нема да ги помилувам, нема да зажалам што ке ги истребам.
15. Слушајте и внимавајте; немојте да бидете горди, оти Господ зборува.
16. Подајте слава на Господа, вашиот Бог, додека Он се уште не испратил темнина и додека се уште нозете ваши не се спотакнуваат по темни гори; тогаш ке очекувате светлина, а Он ке ја претвори во смртна сенка и ке ја направи темнина.
17. Ако, пак, не го послушате тоа, душата моја ке ја оплакува вашата гордост во скришни места, ке плаче горко, и очите мои слози ке леат; бидејки стадото Господово ке биде во плен одведено.
18. Кажи ми на царот и на царицата: смирете се, седнете пониско, оти ке паднат од главите ваши венците на вашата слава.
19. Јужните градови се затворени, и нема кој да ги отвори; цел Јуда во ропство се одведува заедно со сиот плен.
20. Кренете ги очите и погледајте ги оние што идат од север: каде е стадото, што ти беше дадено, убавото стадо твое?
21. Што ке речеш, керко Сионова, кога ке те посети Он? Ти сама ги научи да господарат над тебе: нема ли да те стегнат болки како жена кога ра а?
22. Ако речеш во срцето свое: "зошто ме снајде ова?" - па, поради многуте твои беззаконија, ке се кренат твоите поли и твоите пети се соголија.
23. Може ли Етиопјанин да ја смени кожата своја и леопардот - дамките свои? Па така и вие, можете ли да правите добро, кога сте свикнати да вршите зло?
24. Затоа ке ги развеам како прав, ке ги разнесам со пустински ветар.
25. Ете го твојот жреб, делот што сум ти го одмерил, вели Господ, бидејки ти Ме заборави и се надеваше на лага.
26. Затоа, ке ти биде крената полата твоја врз лицето твое, за да се види срамотијата твоја.
27. Го видов твоето прељубодејство и твоите бесни похоти и гнасотии по височинките и по полињата; тешко тебе, Ерусалиме; зар нема да се очистиш? А до кога уште?

  Jeremiah (13/52)