Jeremiah (12/52)  

1. Праведен си Ти, Господи, ако би се оправдувал со Тебе; но ке проговорам за судовите Твои. Зошто патот на безбожниците е успешен и живеат во мир сите оние што не веруваат?
2. Ти ги посади, и тие се вкоренија и израснаа, па и плод даваат; во устата нивна Ти си близок, но далеку си од срцето нивно.
3. А мене, Господи, Ти ме познаваш, Ти ме гледаш и го испитуваш срцето мое какво е кон Тебе. Одвои ги како овци за клање и приготви ги за денот, кога ке бидат убиени.
4. Долго ли ке тагува земјата, и ке се исуши тревата по сите полиња? Добитокот и птиците гинат поради беззаконијата на жителите нејзини; оти велат: Он нема да види, што ке стане со нас.
5. Кога трчаше со пешаците и тие те изморија, како можеш тогаш да се натпреваруваш со коњи? И ако беше спокоен во мирна земја, што ли ке правиш, кога ке се крене Јордан?
6. Зашто и браката твои, и домот на таткото твој, неверно постапуваат со тебе и викаат во висок глас против тебе. Не верувај им и кога зборуваат добро за Тебе.
7. Јас го оставив Мојот дом, го напуштив наследството Свое; најмилото на душата Моја го предадов во рацете на непријателите негови.
8. Моето наследство стана за Мене како лав во гора: крена глас против Мене - затоа го замразив.
9. Наследството Мое стасна како прица шарена, врз која од сите страни се нафрлуваат други грабливи птици. Одете, собирајте се сите полски sверови, одете да го изедете.
10. Многу пастири го растурија Моето лозје, го изгазија со нозе делот Мој: Мојот драг дел го направија гола пустелија, -
11. го направија пустиња, и тој запусте, плаче пред Мене; целата земја ја опустошија, оти никој не го зема тоа при срце.
12. По сите гори во пустињата дојдоа опустошители, оти мечот Господов уништи се од едниот крај на земјата до другиот: нема мир за ниедно суштество.
13. Тие сееја пченица, а жнееја трње; се мачеа и никаква корист не добиваа; засрамете се за трудот свој поради пламениот гнев на Господа.
14. Така вели Господ за сите мои лоши соседи, кои ги напа аа делата, што ги извршив за наследството на Мојот народ, Израилот. Еве, Јас ке ги откорнам од земјата и домот Јудин ке го истргнам од неговата средина.
15. Но, откако ке ги истргнам, пак ке ги вратам и ке ги помилувам, и секого ке го доведам во неговиот дел и секого - во земјата негова.
16. Па, ако ги научат патиштата на Мојот народ, за да се колнат во Мое име, велејки "жив Господ", како што тие го научија народот Мој да се колне во Ваала, ке се населат ме у Мојот народ.
17. Ако, пак, не послушаат, ке ги искоренам и наполно ке истербам таков народ, вели Господ.

  Jeremiah (12/52)