Jeremiah (10/52)  

1. Слушајте го словото, кое Господ ви го кажува, доме Израилев!
2. Вака вели Господ - не одете по патот на незнабошците и не плашете се од небесните знаци, од кои се бојат незнабошците.
3. Бидејки наредбите од народите се суетни: отсекуваат дрво во гората, го изделкуваат човечки раце,
4. го украсуваат со сребро и злато, го прицврстуваат со клинови и со чекан за да не се ниша.
5. Тие богови се како столб, измазнет на струг, и не говорат; нив ги носат, оти не можат да одат. Не плашете се од нив, оти тие не можат да направат зло, но и добро не можат да направат.
6. Нема сличен на Тебе, Господи! Ти си велик и името Твое е велико со Твојата мок.
7. Кој не ке се бои од Тебе, Царе над народите, зашто само Тебе Ти припа а тоа; бидејки ме у сите мудреци кај народите и во сите царства нема сличен на Тебе.
8. Сите тие до еден се неразумни глупави; дрвото е суетно учење.
9. Среброто ковано во листови се носи од Тарсис, златото од Уфаз, дело на мастор и на леар; облеклото нивно е до порфир и кадифе; сето тоа е дело на вешти лу е.
10. А Господ Бог е вистина; Он е жив Бог и вечен Цар. Од Неговиот гнев трепери земјата, и народите не можат да го издржат Неговото негодување.
11. Така речете им: боговите што не ги направиле небото и земјата ке исчезнат од земјата и од под небесата.
12. Он ја создаде земјата со силата Своја, ја утврди вселената со мудроста Своја и со разумот Свој ги распростре небесата.
13. Од гласот Негов шумат водите небески, и Он ги крева облаците од краиштата земни, создава молскавици среде дожд и изведува ветар од живеалиштето Свое.
14. Секој човек станува безумен во своето знаење, се срамува секој леар со идолот свој, бидејки она што го излеал е лага, и во него нема дух.
15. Тоа е суета, дела на заблуда; во времето на посетата нивна тие ке исчезнат.
16. Делот на Јакова не е како нивниот; бидејки неговиот Бог е создател на се, а Израилот е жезал на неговото наследство; името Му е Господ Саваот.
17. Прибери си го имотот свој од земјата, ти која ке седиш во опсада.
18. Оти вака вели Господ: еве, овој пат ке ги исфрлам жителите од оваа земја и ке ги одведам во тесно место, за да ги фатат.
19. Тешко мене во маката моја; лута е раната моја, но јас си велам - "навистина тоа е моја болка и јас ке ја поднесувам;
20. шаторот ми е опустошен и сите мои врвци се скинати; децата мои бегаат од мене, и ги нема: нема веке кој да го распне шаторот мој и да ги постави завесите мои;
21. бидејки пастирите станаа безумни и не Го бараат Господа, па затоа и тие постапија неразумно, така што целото стадо им се распрсна."
22. Ете, се слуша глас и голема врева од северната страна за да ги направи градовите на Јудеја пустиња, живеалиште на шакали.
23. Знам, Господи, дека патот на човекот не зависи од него, дека не е во власта на оној кој оди, за да ги исправа стапките свои.
24. Казни ме Господи, но по правда, не во гневот Свој, за да не ме сотреш.
25. Излеј ја јароста Своја врз народите, кои не Те познаваат, и врз племињата, што не го призовуваат името Твое; оти тие го изедоа Јакова, го проголтаа и го истребија и живеалиштето му го опустошија.

  Jeremiah (10/52)