Jeremiah (1/52)  

1. Зборовите на Јеремија, - синот на Хелкија, еден од свештениците кој живееше во Анатот, во земјата Венијаминова, -
2. коми му беше упатено слово Господово во времето на Јосија, син на јудејскиот цар Амон, во тринаесеттата година од царувањето негово,
3. а и во деновите на Јоакима, синот на јудејскиот цар Јосија, до крајот на единаесеттата година од царувањето на Седекија, син на јудејскиот цар Јосија, додека не беше преселен во Ерусалим во петтиот месец.
4. И би до мене слово Господово:
5. "Пред да те обликувам во утробата, Јас те познав, и пред да излезеш од утробата, те посветив: те поставив за пророк на народите."
6. Јас, пак, одговорив: "О, Господи Боже, не умеам да говорам, зашто сум уште млад."
7. Но Господ ми рече: "Не вели: - млад сум; - зашто до сите, до кои ке те испратам, ке одиш, и се, што ке ти заповедам, ке кажеш.
8. Не плаши се од нив; зашто Јас сум со тебе, за да те избавам", рече Господ.
9. И ја протегна Господ раката и се допре до устата моја; и ми рече Господ: "Ете, Јас ги ставив Моите зборови во устата твоја.
10. Гледај, Јас те поставив денес над народи и царства, за да искоренуваш и разурнуваш, да погубуваш и да разрушуваш, да sидаш и да насадуваш."
11. И пак би слово Господово до мене: "Што гледаш, Јеремиј?" Одговорив: "Гледам гранка од бадемово дрво."
12. Господ ми рече: "Добро гледаш, зашто Јас бдеам над Моето слово, за да се изврши тоа скоро."
13. И по вторпат би слово Господово кон мене: "Што гледаш?" Одговорив: "Гледам котел што врие, а отворот му е спрема север."
14. И ми рече Господ: "Од север ке навлезе злото врз сите лу е што живеат на земјата.
15. Зашто, ете, Јас ке ги свикам сите племиња на северните царства - вели Господ - и тие ке дојдат, и секој ке го постави престолот свој при влезот на ерусалимските порти, околу сите sидишта негови и во сите јудејски градови.
16. И ке го изречам судот Свој врз нив за сите нивни беззаконија, зашто што Ме оставија и кадеа темјан на други богови и им се поклонуваа на идоли, дела од нивните раце.
17. А ти препаши ги бедрата свои и стани, та кажи им се, што ке ти заповедам; не биде малодушен пред нив, за да не те поразам пред очите нивни.
18. И ете, Јас те поставив денес како утврден град, како железен столб и како бакарен sид против сите цареви јудини и кнезовите на целата таа земја, против свештениците негови и против народот на таа земја.
19. Тие ке војуваат против тебе, но нема да те победат; зашто Јас сум со тебе, за да те избавувам" - вели Господ.

      Jeremiah (1/52)