James (4/5)  

1. Од каде се војните и од каде се караниците меѓу вас? Не доаѓаат ли од вашите похоти што војуваат во вашите органи?
2. Посакувате а немате, та затоа убивате. Завидливи сте и не можете да добиете; затоа се борите и војувате. Немате затоа што не барате.
3. Барате, но не добивате, зашто барате со лоши цели, за да го трошите на вашите похоти.
4. Прељубници, не знаете ли дека пријателството со светот е непријателство спрема Бог? И така, кој сака да му биде пријател на светот, Му станува непријател на Бог.
5. Или, мислите ли дека Писмото напразно вели: "до ревност копнее за духот кој Го всели во нас?"
6. Но Тој дава поголема благодат. Затоа вели: "Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат."
7. Затоа покорете Му се на Бог, а противставете му се на ѓаволот и тој ќе побегне од вас.
8. Приближете се кон Бог, и Тој ќе се приближи кон вас; исчистете ги рацете, вие грешници, и очистете ги срцата, вие луѓето што се двоумите!
9. Бидете нажалени, тагувајте и плачете; вашата смеа нека се претвори во тага, а радоста во жалост!
10. Понизете се пред Господ, и Тој ќе ве возвиши!
11. Не зборувајте еден против друг, браќа; оној кој зборува против својот брат или го суди својот брат, зборува против законот и го суди законот. А ако го судиш законот, не си извршител на законот, туку негов судија.
12. Има само еден Законодавец и Судија, Оној Кој може да спаси и да погуби. А кој си ти што го осудуваш ближниот?
13. Чујте сега вие, кои велите: "Денес или утре ќе отидеме во тој и тој град и таму ќе останеме една година, ќе тргуваме и ќе спечалиме",
14. вие, кои не знаете што ќе биде утре. Bие сте пареа која се јавува за кратко и потоа исчезнува.
15. Наместо да велите: "Ако Господ даде, ќе живееме и ќе направиме ова или она",
16. вие се фалите со својата горделивост. Секоја таква фалба е зла.
17. И така, кој знае да прави добро, а не го прави, чини грев.

  James (4/5)