Isaiah (9/66)  

1. Поранешното време ја понизи земјата Завулонова и земјата Нефталимова; но подоцнежното - ке го возвеличи крајмоскиот пат, од онаа страна на Јордан, незнабожечка Галилеја.
2. Народот, кој оди во темнина, ке види голема светлина; врз оние што живеат во земјата на смртната сенка ке болсне светлина.
3. Ти ке го умножиш народот, ке ја зголемиш радоста негова. Тој ке се весели пред Тебе, како што се веселат за време на жетва, како што се радуваат при делење на плен.
4. Зашто јаремот, кој му тежеше, и жезлото, што го поразуваше, и стапот на неговиот угнетувач - Ти ке ги скршиш, како во денот на Мадијама.
5. Оти секоја војничка обувка во време на војна и облека, извалкана од крв, ке бидат предадени на изгорување, за храна на огнот.
6. Зашто Младенец ни се роди - Син ни се даде; власта е на рамењата Негови, и ке Го наречат: Советник, Чудесни, Бог силен, Отец вечен, Кнез на мирот.
7. Неговата власт и мирот бескраен ке растат врз престолот на Давида и во царството негово, за да го утврди Он и да го зацврсти преку суд и прада отсеа па довека. Тоа ке го направи ревноста на Господа Саваота.
8. Господ му испрака слово на Јакова, тоа слегува врз Израилот,
9. за да знае сиот народ, Ефрем и жителите на Самарија, кои со гордост и надуено срце велат:
10. "Тулите паднаа, - ке градиме со делкани камења; смоквите се исечени, - ке ги замениме со кедри.
11. Kе се крене Господ против него и непријателите на Ресина, ке ги вооружи непријателите негови;
12. Сиријците од кај исток, Филистејците од кај запад; ке го голтнат Израилот со полна уста. При сето тоа гневот Негов нема да се одврати и раката Негова ке биде протегната.
13. Но народот не се обрнува кон Оној, Кој го бие и не прибегнува кон Господа Саваот.
14. Господ ке му ја пресече на Израилот главата и опашката, палмата и трската во еден ден:
15. старецот и големецот - тоа е главата; а пророкот - лажниот учител е опашот.
16. Водачите на овој народ ке го доведат во заблуда, а водените од нив ке загинат.
17. Затоа Господ нема да се радува на момчињата негови, и нема да се смили над сираците негови и вдовиците негови; зашто сите тие се лицемери и злодејци, и устата на сите зборува нечесно. При сето тоа гневот Негов нема да се одврати и раката Негова уште е протегната.
18. Зашто беззаконието како оган се разгорело, голтнува глог и трн и гори во горските гасталаци, се креваат столбови од дим.
19. Гневот на Господа Саваот ке ја изгори земјата, народот ке стане како храна за огнот, човек нема да го пожали братот свој.
20. Kе сечат надесно - и ке си останат гладни; ке јадат налево - и нема да се наситат; секој ке го јаде месото од својата мишка:
21. Манасија - Ефрема, и Ефрем - Манасија, обајцата заедно - Јуда. При сето тоа нема да се одврати гневот Негов, и раката Негова уште е протегната.

  Isaiah (9/66)