Isaiah (8/66)  

1. И ми рече Господ: "Земи си голем свиок и напиши на него со човечко писмо: брз на плен и итар на грабеж.
2. И си зедов верни сведоци: свештеникот Урија и Захарија, синот Варахиев,
3. и пристапив кон пророчицата, и таа зачна и роди син. И ми рече Господ: дај му име: брз на плен и итар на грабеж; шах - баз;
4. зашто, пред да се научи детето да изговара: тате, мамо, - богатството на Дамаск и пленот самариски ке бидат претставени пред асирскиот цар."
5. И продолжуваше да ми зборува Господ и рече:
6. "Зошто овај народ ги занемарува водите на Силоам, оти течат тивко, и се восхитува на Ресина, и од синот Ремалиев,
7. Господ ке го испрати врз него бурните и големи води на реката - асирскиот цар со сета негова слава;
8. и ке навлезе во Јудеја, ке ја наводни и високо ке се крене - ке стигне до вратот; и раширените крила нејзини ке бидат по целата ширина на Твојата земја, Емануиле!"
9. Здружувајте се, народи, но ке бидете уништени, и внимавајте вие сите што сте далечни земји! вооружувајте се, но ке бидете победени; вооружувајте се, но ке бидете уништени!
10. Кројте заговори, но тие ке се рушат, говорете збор, но тој нема да си исполни, зашто со нас е Бог!
11. Зашто вака ми велеше Господ, држејки ја врз мене цврстата рака и опменувајки ме да не одам по патот на тој народ, велејки:
12. "Не нарекувајте го заговор сето она што тој народ го нарекува заговор; и не плашете се од она, од кое тој се плаши, не стравувајте.
13. Господа Саваота - Него свето почитувајте Го, и Он да биде ваш страв и ваш трепет!
14. Он ке биде осветување и камен за сопнување и карпа за соблазна на двата дома Израилеви, стапица и мрежа за жителите ерусалимски.
15. И мнозина од нив ке се сопнат и ке паднат, ке се разбијат, ке се заплеткаат во стапицата и ке бидат уловени."
16. "Врзи го свидетелството и запечати го откровението пред своите ученици."
17. И така, јас се надевам на Господа, Кој го сокрил лицето Свое од домот Јаковов, на Него се надевам.
18. Ете, јас и децата што ми ги даде Господ, сме како белези и докази во Израилот од Господа Саваот, Кој живее на гората Сион.
19. И кога ке ви речат: "Обрнете се кон оние, што извикуваат мртовци, и кон ма есници, кон бајачи и оние што говорат од стомак, тогаш одговарајте: не треба ли народот да се обрнува кон својот Бог? Се прашуваат ли мртви за живи?
20. Допрашајте се до законот и откровението! Ако неко речат дека не е така, тогаш за нив нема светлина.
21. Kе скитаат тие по земјата, жестоко угнетувани и гладни; и во време на гладта ке се лутат, ке го навредуваат својот цар и својот Бог.
22. И ке се загледаат угоре, и ке погледаат кон земјата; и ете - скрб и мрак, густа темнина; и ке бидат фрлени во темнината. Но нема секогаш да има мрак таму, каде што сега тој е згустен.

  Isaiah (8/66)