Isaiah (7/66)  

1. Во дните на Ахаза - синот на Јоатама, син Озиев, цар јудејски, - Ресина, царот сириски, и Факеј, синот ремалиев, цар израилски, отидоа проти Ерусалим да го завладеат, но не можеа да го преземат.
2. Тогаш му беше соопштено на домот Давидов и речено: "Сиријци се сместија во земјата Ефремова. И му затрепери срцето на Ахаза и срцето на народот негов, како што од ветар се нишаат дрвјата."
3. И му рече Господ на Исаија: "Излези и ти и син ти Сеарјасув да го пречекаш Ахаза на крајот од горното езеро по патот кај нивата на валавичарот,
4. и кажи му: внимавај и биди спокоен; не бој се, и да не се плаши срцето твое пред двата краја на тие гламји што чадат, од изгорениот гнев на Ресина, на Сиријците и на синот Ремалиев."
5. Сирија, Ефрем и синот Ремалив кројат против себеси зло, велејки:
6. ‘да одиме против Јудеја и да ја исплашиме, да ја завладееме и да го поставиме за цар Тавеиловиот син.‘
7. Но Господ Бог вели вака: "Тоа нема да стане и нема да се изврши,
8. зашто главата на Сирија е Дамаск, а главата на Дамаск - Ресин; по шеесет и пет години Ефрем ке престане да биде народ;
9. глава на Ерфема е Самарија, а глава на Самарија - синот Ремалиев. Ако не верувате, нема да се додржите."
10. И продолжува Господ да му говори на Ахаза и му рече:
11. "Барај за себе знак од Господа, твојот Бог: барај или во длабочините или во височините."
12. И рече Ахаз: "Нема да барам и нема да го искушувам Господа."
13. Тогаш Исаија рече: "Слушајте, пак, доме Давидов! Зар ви е малку тоа што им дотежнувате на лу ето, па сакате да Му дотежнувате и на мојот Бог?"
14. Затоа Самиот Господ ке ви даде доказ: ете, Девица ке зачне и ке роди Син, и ке Му дадат името Емануел.
15. Тој ке се храни со млеко и мед, додека да се научи да го отфрла лошото и да го избира доброто.
16. Зашто, пред доенчето да се научи да го отфрла лошото и да го избира доброто, оваа земја, од која ти се плашиш, ке биде оставена од двајцата цареви.
17. Но Господ ке испрати врз тебе и врз народот твој и врз домот на татка ти, какви што не доа але, откако Ефрем се оддели од Јуда - ке го испрати асирскиот цар.
18. И ете, во тој ден Господ ке свирне не мувите, кои се кај устието на египетската река, и на пчелата, која е во асирската земја, -
19. и ке долетаат и ке заседнат сите тие по запустените долини и по камените пештери и по сите трништа и по сите дрвја.
20. Во тој ден Господ ке го избричи со брич земен од оваа страна на реката - преку асирскиот цар, главата и влакната на нозете, ке ја симне дури и брадата.
21. И во тој ден, кој храни крава и две овци,
22. поради изобилството на млеко, што тие ке го дадат, ке јаде масло; со масло и мед ке се хранат сите, што останале на земја.
23. во тој ден на секое место, каде што растеле иљада лози за иљада сребреници, ке има глог и трниште.
24. Таму ке се оди со лакови и стрели, бидејки целата земја ке е во глогови и трњаци.
25. И на ниедна од горите, што биле расчистувени со трнокоп, нема да одиш, поради страв од глог и од трња; таму ке истеруваат говеда и ситен добиток ке гази

  Isaiah (7/66)