Isaiah (66/66)    

1. Вака вели Господ: небото е Мој престол, а земјата - подножје на нозете Мои; каде тогаш ке изградите дом за Мене, каде е местото на Мојот спокој?
2. Зашто, сето тоа го создаде Мојата рака, и сето тоа е Мое, вели Господ. А еве на кого ке погледнам: на смирениот и паднатиот со дух и на оној што трепери пред Моето слово.
3. А кој коле вол, е исто, како оној што убива човек; кој принесува јагне за жртва, е исто, како оној што задушува куче; кој принесува дар, е исто, како оној што принесува свинска крв; кој кади темјан, е исто, како оној што се моли на идол. Тие го избрале тоа на своите патишта, и душата нивна нао а задоволство во одвратностите нивни, -
4. така и Јас ке ја употребам нивната измама и ке го испратам врз нив она, што е за нив ужасно; зашто викав - и нема кој да одговори, говорев - и тие не слушаа, а вршеа зло пред очите Мои и го избираа она што Ми беше неугодно.
5. Чујте го словото на Господа вие, што треперите пред словото Негово: вашите брака, кои ве мразат и кои ве гонат заради Моето име, велат: "Нека се јави Господ во Својата слава, па да ја видиме радоста ваша." Но тие ке бидат посрамени.
6. Ете, шум од градот, глас од храмот, глас од Господа, Кој дава отплата на непријателите Свои:
7. Уште не беше почувствувала родилни маки, и роди; пред да настапат болките нејзини, роди син.
8. Кој слушна такви нешто? Кој видел слично на тоа? Никне ли од земјата во еден ден? Се ра а ли народ наеднаш, како Сион: штотуку почна да се мачи од родилни болки, - ги роди синовите свои?
9. Зар Јас кога ке ја отворам утробата на мајката - таа нема да роди? вели Господ. Или Јас Кој давам да се роди, ке ја заклучам ли утробата - вели твојот Бог.
10. Развеселете се со Ерусалими радувајте се за него сите, што го сакате! Радувајте се со него радосно сите што тагувате по него,
11. за да се храните и наситувате од градите на утехите негови, да се опивате и насладувате од изобилната слава негова."
12. Зашто вака вели Господ: "Ете, ке навртам кон него мир како река, и богатсво на народите - како поток, кој се разлива, за ваша наслада; на раце ке ве носат и на колена ке ве милуваат.
13. Како што некого го утешува мајка така ке ве утешам и Јас; ке бидете утешени во Ерусалим.
14. И ке го видите тоа, и ке се зарадува срцето ваше, и коските ваши ке цутат како свежо растение, и раката на Господа ке се јави врз слугите Негови, а на непријателите свои Он ке се разгневи.
15. Зашто, ете, ке дојде Господа во оган, и колите Негови - како виор, за да го излее гневот свој со јароста и заплашувањето Свое - со пламнат оган.
16. Зашто Господ ке суди со оган и со мечот Свој над секоја плот, и многумина ке бидат убиени од Господа.
17. Оние, што се оветуваат и очистуваат во шумичките еден по друг, кои јадат свинско месо и гадотии и глувци, - сите ке загината вели Господ.
18. Зашто Јас ги знам делата нивни и мислите нивни; ете, ке дојдам да ги соберам сите народи и јазици, и тие ке дојдат и ке ја видат славата Моја.
19. И ке ставам на нив белег, и од преживеаните ме у нив ке испратам кон народите: во Тарсис, во Фуд и Луд, во Мосох, во Товел и во Елада, и во далечните острови, кои не чуле за името Мое и не ја виделе славата Моја; и тие ке му ја објават на народот славата Моја,
20. и ке ги претстават сите ваши брака од сите народи како дар на Господа на коњи и коли, на носилки, на маски и на брзи камили, - на Мојата света гора, во Ерусалим, вели Господ, - исто како што синовите Израилеви принесуваат дар во домот Господов во чист сад.
21. И од нив ке земам свештеници и левити, вели Господ.
22. Зашто, како што новото небо и новата земја, кои Јас ке ги создадам, ке бидат секогаш пред лицето Мое, вели Господ, така ке постои и потомството ваше и името ваше.
23. Тогаш од месец на месец, и од сабота во сабота ке доа а секоја плот пред лицето Мое на поклонение, вели Господ.
24. И ке излегуваат и ке ги видат труповите на лу ето што отстапиле од Мене; зашто црвот нивни нема да умре, ниту огнот нивни ке угасне и ке бидат одвратност за секоја плот.

  Isaiah (66/66)