Isaiah (65/66)  

1. Јас им се открив на оние, кои не прашуваа за Мене, кои не Ме бараа: "еве Ме, еве Ме!" - му велев на народ, кој не го повикуваше името Мое.
2. Секогаш ги протегав рацете Свои кон непокорниот народ, кој одеше по лош пат, - по своите помисли, -
3. кон народ, кој постојано Ме наскрбува в лице, принесува жртви во шумичките и пали темјан на црепчиња,
4. седи во гробови и нокева во пештери; јаде свински месо, а во садовите негови има гнасно вариво;
5. кои велат: "Застани, не се доближувај до мене, зашто сум свет за Тебе." Тие се дум на ноздрите Мои. - оган што гори секој ден.
6. Ете, што е напишано пред лицето Мое: нема да премолчам, туку ке отплатам, ке отплатам во пазувата нивна,
7. за нивните беззаконија, вели Господ, и заедно со беззаконијата на татковците нивни, кои кадеа темјан по планините, и по ридовите Ме навредуваа, - ке им одмерам во пазувите нивни и за нивните поранешни дела.
8. Вака вели Господ: "Кога ве гроздот има сок, не го повредувај, зашто во него има благослов; исто ке направам и за Моите слуги, та сите да не ги погубам.
9. И ке произведам од Јакова потомство, а од Јуда - наследник на Моите гори; и тоа ке го населдат Моите избрани, таму ке живеат слугите Мои.
10. И Сарон ке биде пасиште за овци, а долината Ахор - пладниште за говедата на Мојот народ, кој Ме побара.
11. А вас, кои го оставивте Господа, ја заборавивте Мојата света гора, готвите трпеза за Гад и отворате полна чаша за Мени, -
12. вас ве опредеилв за меч, сите ке се наведнете за колење, зашто викав - и не одговаравте, говорев - не слушавте, но вршевте зло пред очите Мои и го избиравте она, што не беше по вољата Моја."
13. Затоа вака вели Господ Бог: "Ете, слугите Мои ке јадат, а вие ке гладувате; слугите Мои ке пијат, а вие ке се измачувате од жед;
14. слугите Мои ке се веселат, а вие ке бидете во срам; слугите Мои ке пеат од срдечна радост, а вие ке пиштите од срдечна жалост и ке плачете од отпаднстоста на вашиот дух.
15. И ке им го оставите името свое на Моите избрани за проклетство; а тебе ке те убие Господ Бог, и слугите Свои ке ги нарече со друго име,
16. оној, што се благословува на земјата, нека се благословува со вистинскиот Бог; и кој се колне на земјата, нека се колне со вистинскиот Бог, - зашто поранешните жалости ке бидат заборавени и сокириени од Моите очи.
17. Оти, ете, Јас создавам ново небо и нова земја, а поранешните нема повеке да се спомнуваат, ниту на ум ке доа аат.
18. А вие ке се веселите и ке се радувате довека за она што јас го создавам: зашто, ете, Јас ке го создавам Ерусалим за веселба, а народот негов - за радост.
19. Kе се радувам за Ерусалим и ке се веселам за Мојот народ; и нема повеке да се чуе глас во него од плачење и глас од пискот.
20. Таму веке нема да има малолетен ни старец, што нема да ги исполни деновите свои; стогодишникот умира како момче, но умира ли стогодишен грешник, ке биде проколнуван.
21. Kе градат куки и ке живеат во нив, ке садат лозја и ке ги јадат плодовите нивни.
22. Нема да градат, за да живее друг, нема да садат, за да јаде друг; зашто дните на народот Мој ке бидат како дните на дрво, и моите избрани долго ке се користат со делото на рацете свои.
23. Нема да се трудат напразно и да ра аат деца за скрб; зашто ке бидат семе, благословено од Господа, и потомците нивни со нив.
24. И пред тие да повикаат, Јас ке одговорам; тие уште ке говорат, а Јас веке ке ги чујам.
25. Волк и јагне ке пасат заедно, а лавот ке јаде слама како вол, а на змијата правот ке и биде храна: тие нема да причинуваат зло и штета по целата Моја света гора, вели Господ.

  Isaiah (65/66)