Isaiah (62/66)  

1. Нема да замолчам заради Сион, ниту ке се успокојам заради Ерусалим, додека правдата негова не изгрее како светлина, и спасението негово - како запалена светилка.
2. И народите ке ја видат твојата правда, и сите цареви - твојата слава; и ке ги наречат со ново име, кои устата Господова ке го изрече.
3. И ке бидеш венец на слава во раката Господова и царска круна - врз дланката на твојот Бог.
4. Нема веке да те нарекуваат "изоставен", ниту земјата твоја повеке ке ја именуваат "пустиња", туку ке те нарекуваат "Мое благоволение кон него", а земјата твоја - "омажена", зашто Господ благоволил кон тебе, и земјата твоја цела ке биде населена.
5. Како што момче се жени со мома, така и синовите твои ке се соединат со тебе; и како што младоженецот се радува на невестата, така ке ти се радува тебе твојот Бог.
6. На sидовите твои Ерусалиме, поставив стража, која нема да мокне ни дење, ни ноке. О, вие што го спомнувате Господа, не замолкнувајте!
7. не замолчувајте пред Него, додека Он не го обнови Ерусалим и додека не ја издигне славата негова на земјата.
8. Господ се заколна во десницата Своја и во силната мишка Своја: нема повеке да го дава твоето жито за храна на непријателите твои; и синови на ту инци нема да го пијат виното твое, за кое си се трудел;
9. но собирачете негови ке го јадат и ке го слават Господа, и берачите на грозјето ке го пијат виното негово во дворовите на Моето светилиште.
10. Минувајте, минувајте низ портите, приготвувајте пат за народот! Рамнете, рамнете го патот, собирајте ги камењата, кренете знаме за народите!
11. Ете, Господ објавува до крајот на земјата: кажете и на керката Сионова: твојот Спасител иде; наградата Негова е со Него, а отплатата Негова - пред Него.
12. И ке ги наречат свет народ, откупен од Господа, а тебе ке те наречат "баран", град неизоставен.

  Isaiah (62/66)