Isaiah (61/66)  

1. Духот на Господа Бога е врз Мене, зашто Господ Ме помаза за да им благовествувам на бедните, Ме испрати да лекувам сокрушени по срце, да им приповедам на заробените и на затворениците - отворање на темницата,
2. да ја проповедам благопријатната Господова година и денот за одмазда на нашиот Бог; да ги утешам сите оние што тагуваат,
3. да им соопштам на оние што тагуваат на Сион, дека ним место пепел ке се даде украсување, место плачење - елеј на радост, место опаднат дух - славна одежда; и ке ги наречат силни со правда, градина на Господа за Негова слава;
4. и ке ги изградат вековните пустињи, ке востановат стари урнатини и ке подноват разурнати градови, запустени од дамнишни родови.
5. Тогаш ке дојдат ту инци, и ке ги пасат стадата ваши; синовите на ту инците ке бидат ваши земјоделци и ваши лозари.
6. А вие ке се нарекувате свештеници на Господа, - служители на нашиот Бог ке ве нарекуваат; ке се користите со имотот на народите и ке се прославувате со нивната слава.
7. Заради тоа што бевте посрамени двојно ке ви биде дадено; поради навредувањето тие ке се радуваат на својот дел, зашто во земјата ке добијат двојно; вечна веселба ке има кај нив.
8. Оти Јас, Господ, ја сакам правдата, го мразам грабежот со насилството, и ке им дадам награда според вистината и ке направам со нив вечен завет;
9. и семето нивно ке биде познато ме у народите, и потомството нивно - ме у племињата; сите, што ке ги видат, ке познаат, дека се тие семе благословено од Господа.
10. Многу ке се радувам во Господа, душата моја ке се развесели во мојот Бог: зашто Он ме облече во спасителна облека, ми облече облека на правда, како на младоженец ми стави венец и како невеста со накит ме украси.
11. Зашто - како што земјата ги произведува растенијата свои, и како што во градината расте се што ке се посее - така Господ Бог ке направи да никне правда и слава пред сите народи.

  Isaiah (61/66)