Isaiah (60/66)  

1. Дигни се, светлеј се Ерусалиме, зашто дојде твојата светлина, и славата Господова изгреа над тебе.
2. Зашто, ете, темнина ке ја покрие земјата, и мрак - народите; а над тебе ке засветли Господ, и славата Негова ке се јави над тебе.
3. И народите ке дојдат кон твоето видело, царевите - кон светлината што изгрева над тебе.
4. Крени ги очите и погледај наоколу: сите тие се собираат, идат при тебе; твоите синови ке дојдат од далеку, и твоите керки на раце ке се носат.
5. Тогаш ке видиш и ке се зарадуваш, и срцето твое ке затрепери и ке се рашири, зашто богатството на морето ке се сврти кон тебе, имотот на народите ке дојде при тебе.
6. Множество камили ке те покријат, едногрби камили од Мадаим и Ефа; сите тие ке дојдат од Сава, ке донесат злато и темјан и ке ја објавуваат славата Господова.
7. Сите кидарски стада ке бидат собрани при тебе; овните навајотски ке ти послужат: ке излезат на жртвеникот Мој како благоугодна жртва, а Јас ке го прославам домот на Мојата слава.
8. Кои се тие што летаа како облаци, и како гулаби - кон гулабарниците свои?
9. Така, Мене Ме чекаат островите и пред нив - тарсиските кораби, за да ги пренесат синовите твои оддалеку и со нив - сребро нивно и злато нивно, во името на Господа, твојот Бог, и на Светецот Израилев, зашто Он те прослави.
10. Тогаш синовите на другоземци ке ги градат sидовите твои, и нивните цареви - ке ти служат; зашто во гневот Свој те поразував, но во благоволението Свое ке бидам милостив кон тебе.
11. Твоите порти секогаш ке бидат отворени, нема да се затвораат ни дење, ни ноке, за да се принесува при тебе имотот на народите и да се доведуваат нивните цареви.
12. Зашто народот и царствата, кои нема да сакаат да ти служат, ке загинат, и а таквите народи сосема ке бидат истребени.
13. Славата на Ливан ке дојде при тебе со кипарис, бор и кедар заедно, за да го украси местото на Моето светилише, - а Јас ке го прославам подножјето на нозете Свои.
14. И ке дојдат при тебе со покорност синовите на оние, што те измачуваа, ке ти се клањаат пред нозете твои сите што те презираа; ке те наречат град на Господа, Сион на Светецот Израилев.
15. Затоа што беше изоставен и намразен, така што никој не минуваше преку тебе, - Јас ке те направам вечна слава, и радост од род во род.
16. Ти ке се наситуваш од млекото на народите, и ке смукаш од царски гради, и ке познаеш дека Јас, Господ, сум твој Спасител и твој Искупител, Силниот Јаковов.
17. Место бакар ке ти испракам злато, место железо - сребро, и место дрво - бакар, а место камења - железо; и ке го поставам мирот за твој управител и правдата - за твои надзорници.
18. Нема повеке да се слуша за насилство во земјата твоја, ниту опустошување и разурнување - во пределите твои; и sидовите свои ке ги нарекуваш спасение и портите свои - слава.
19. Нема повеке сонцето да ти биде видело на денот, ниту сјајот на месечината ке ти свети; Господ ке ти биде вечна светлина, и твојот Бог - твоја слава.
20. Нема да зао а веке твоето сонце, ниту твојата месечина ке се потемнува, зашто Господ ке ти беде вечна светлина; ке се свршат дните на твоето тагување.
21. И сиот народ твој ке биде праведен, засекогаш ке ја наследи земјата, - фиданка од она што сум го посадил, дела на рацете Мои, за Мое прославување.
22. Од мал народ ке се намножат иљади, од најслабиот - силен народ. Јас, Господ, ке побрзам да го завршам тоа навреме.

  Isaiah (60/66)