Isaiah (6/66)  

1. Во годината кога умре цар Озија, јас го видов Господа, седнат на престолот висок и издигнат, а полите на одеждата Негова го исполнија целиот храм.
2. Околу Него стоеја серафими; секој од нив имаше по шест криља: со две секој го криеше лицето свое, со две други ги криеше нозете свои, а со две леташе.
3. И викаа еден кон друг и велеа: "Свет, свет, свет е Господ Саваот! Целата земја е полна со Неговата слава!"
4. И се разниша, горништето на вратите од гласот на оние што викаа, а домот се исполни со дим.
5. И реков: "Тешко ми мене, зашто сум човек со нечиста уста и живеам среде народ исто така со нечиста уста, - а очите мои Го видоа Царот Господа Саваот!"
6. Тогаш долета до мене еден од серафимите со разгорен јаглен во раката што го беше зел со клешти од жртвеникот,
7. се допре до устата моја и ми рече: "Ете, тоа се допре до устата твоја - и твоето беззаконие се оттргна од тебе, гревот твој се очити."
8. И го чув гласот на Господа, Кој рече: "Кого да испратам у кој ке отиде заради нас?" А јас реков: "Еве ме мене, испрати ме мене!"
9. Тогаш Он рече: "Оди и кажи му на тој народ: ‘со ушите ке чуете и нема да разберете, и со очи ке гледате - и нема да видите.‘
10. Зашто срцето на тој народ е закоравено, и со ушите тешко слушаат и ги затвориле очите свои за да не гледаат со очи, со уши да чујат и со срце да разберат, та да се обрнат да ги излекувам."
11. И реков: "До кога, Господи?" Он рече: "Додека запустат градовите и останат без жители, и куките без лу е, земјата сосема не се запусти,
12. додека Господ не ги оддалечи лу ето и голема пустош во таа земја да има.
13. И ако остане уште десеттиот дел на неа и се врати, таа пак ке биде разорена; но како од брест и даб, кога се и отсечени, останува коренот нивни, така светото семе ке биде нејзин корен."

  Isaiah (6/66)