Isaiah (57/66)  

1. Праведниот умира и никој не се загрижува; и благочестиви мажи се грабат за земјата, и никој не помислува дека праведникот од зло се оттргнува.
2. Тој оди во мир; оние што одат по правиот пат, ке почиваат на леглата свои.
3. Но приближете се вие тука, синови на ма епсница, семе на прељубодеец и блудница!
4. Со кого се подбивате? Против кого отворате уста и го покажувете јазикот? Не сте ли деца на престап, семе на лагата,
5. кои сте запалени од похотта кон идоли под секое гранчесто дрво, кои колете деца покрај потоци, ме у пукнатини на карпи?
6. Во мазните камења на потоците е твојот дел; тие, тие се твој жреб, ним им правиш ти прелив и им принесуваш жртва: можам ли Јас да бидам од тоа задоволен?
7. На висока и голема планина го поставуваш леглото свое, и таму е качуваш да принесуваш жртва.
8. Зад вратата и зад довратниците ги ставаш твоите спомени; зашто, кога ке се одвратиш од Мене, ти се разголуваш и се качуваш; го прошируваш леглото свое и се договараш со оние од нив, со кои сакаш да лежиш и го погледнуваш местото.
9. Ти си одела и кај царот со миризливо масло и си ги умножувала твоите мириси, и далеку си ги испракала своите гласници и си се понижувала до пеколот.
10. Од долгиот пат ти си се заморувала, но не рече: "Надежта е изгубена!" Се уште си нао аш живот во раката своја, и затоа не почувствува слабост.
11. А од кого се уплаши и застраши, па стана неверна и престана да Ме помниш и да пазиш во срцето свое? Не е ли затоа што Јас молчев, што молчев долго, та ти престана да се плашиш од Мене?
12. Kе ја објавам твојата правда и твоите дела, и тие нема да бидат во твоја полза.
13. Кога ке повикаш, ке те спаси ли она што си го собрала? - Сето тоа ветрот ке го однесе, ке го развее; а кој се надева на Мене, ке ја наследи земјата и ке ја владее Мојата света гора.
14. Kе се рече: "Срамнете, рамнете, израмнете го патот, кревајте ги пречките од патот на Мојот народ."
15. Зашто вака вели Високиот и Возвишениот, вечно Живиот Светец и Неговото име: "Јас живеам на небесната височина и во светилиштето, но сум со оние што имаат скрушено срце и смирен дух, за да го оживувам духот на смирените и да ги ожувувам срцата на скрушените.
16. Зашто нема вечно да се заканувам, ниту докрај да се гневам; инаку ке паден пред Мене секој дух и секој здив што сум го создал.
17. Заради беззаконието на неговата лакомост Јас се разгневив и го поразив, се сокрив и негодував; но тој откако се одврати, отиде по патот на срцето свое.
18. Ги видов патиштата негови, но ке го излекувам, ке го водам и ке го утешувам, него и оние што го жалат.
19. Јас ке го исполнам словото: мир, мир на далечен и на ближен, вели Господ, и ке го излекувам.
20. А нечесните се како разбрането море, кое не може да се смри, и чии води исфрлаат тиња и кал.
21. Мир нема за нечестивите, вели Господ Бог.

  Isaiah (57/66)