Isaiah (55/66)  

1. Вие, што жедувате, дојдете сите при водите; дури и вие, кои немате сребро, дојдете, купувајте и јадете; дојдете, купувајте вино и млеко без сребро и без плакање.
2. Зошто да давете сребро за она, што не е леб, и заработката своја - за она, што не наситува? Послушајте Ме внимателно и јадете, што е добро, и душата ваша нека се наслади со мрс.
3. Приклонете го увото и дојдете при Мене; послушајте, и душата ваша ке биде жива, - ке ви дадам вечен завет, неизменливи милости, ветени на Давида.
4. Ете, Него го дадов сведок за народите, водач и заповедник на народите.
5. Ете, ти ке повикаш народ, што не си го познавал, и народите, кои не те познавале, ке побрзат кон тебе, заради Господа, твојот Бог, заради светецот Израилев, зашто Он те прослави.
6. Барајте го Господа, кога можете да Го најдете; викајте Го додека е близу.
7. Нечесниот нека го остави патот свој, и беззаконикот - помислите свои и нека се обрне кон Господа, нашиот Бог, - и Он ке го помилува, зашто е многу милостив.
8. Моите мисли не се ваши мисли, миту вашите патишта се Мои патишта, вели Господ.
9. Но, како што е небото повисоко од земјата, така се и Моите патишта повисоки од вашите патишта, и мислите Мои повисоко од вашите мисли.
10. Како што дождот и снегот па аат од небото и таму не се вракаат, туку ја напојуваат земјата и ја прават способна да ра а и да се зеленее, за да му дава семе на оној, што сее и леб на оној, кој јаде,
11. така и Моето слово, што излегува од устата Моја, не се врака кон Мене празно, туку го исполнува она, што му е угодно, и го прави она за што сум го испратил Јас.
12. И така, вие ке излезете во веселба и ке бидете испратени со мир; горите и ридовите ке пеат песна пред вас, и сите дрвја во полето ке ракоплескаат.
13. Место трн ке израсне кипарис; место коприва ке израсне мирта; и тоа ке биде за слава на Госпдоа, за вечен знак, неразрушив.

  Isaiah (55/66)