Isaiah (54/66)  

1. Развесели се, ти неплодна, што не ра аш; воскликни и извикај ти, кој не си почувствувала родилни маки; зашто напуштената има многу повеке деца од онаа, кој има маж, вели Господ.
2. Рашири го местото на шаторот свој; покривите твои на живелиштето твое прошири ги продолжи ги јажињата свои и зацврсти ги колците свои;
3. зашто ти ке се рашириш десно и лево, и потомството твое ке завладее народи и ке ги насели опустошените градови.
4. Не плаши се, зашто нема да бидеш посрамена; не се возбудувај, оти нема да биде исмеана: ке го заборавиш посрамувањето на младоста своја и нема повеке да си помниш за бесчесноста на вдовството твое.
5. Зашто твојот Творец е твојот сопруг; Господ Саваот е името Негово, твој искупител е Светецот Израилев: Он ке се нарече Бог на целата земја.
6. Зашто Господ те вика како жена, напуштена и жална со духот, како жена од младини, кој била отфрлена, вели твојот Бог.
7. За малку време те оставив, но со голема милост ке те приберам.
8. Во пламенот на гневот го сокрив од тебе лицето Свое за кратко време, но со вечна милост ке те помилувам, вели твојот Искупител Господ.
9. Оти тоа за Мене е како потоп на Ное: како што се заколнав, дека потоп нема повеке да дојде на земјата, така се заколнав дека нема да ти се лутам, ниту да те прекорувам.
10. Планини ке се поместат, и ридови ке се разнишаат, но Мојата милост нема да отстапи од тебе и заветот на Мојот мир нема да се разниша, вели Господ, Кој те милува.
11. О, неволна, потфрлена од виорот, неутешна! Ете, Јас ке ги положам твоите камења врз рубин и ке ги направам твоите основи од сапфири;
12. и ке ги направам твоите прозорци од рубини и твоите порти - од бисер, а целата ограда твоја - од скапоцени камења.
13. И сите твои синови ке бидат научени од Господа, и голем мир ке има ме у синовите твои.
14. Ти ке се утврдиш со правда, ке бидеш далеку од насилствата, бидејки ке нема од што да се плашиш, далеку ке биде од тебе и ужасот, зашто тој нема да се приближи до тебе.
15. Ете, ке се вооружат против тебе, но тоа не е од Мене; кој и да се вооружи против тебе, ке падне.
16. Ете, Јас создадов ковач, кој го раздувува јагленот во огнот и ке произведува сечила за својата работа, - и Јас сум создател и губител, Кој истребува.
17. Ниедно оружје, направено против тебе, нема да има успех; и секој јазик, кој би се подигнал против тебе на суд, - ти ке го обвиниш. Тоа е наследство на слугите Господови, нивно оправдание од Мене, вели Господ.

  Isaiah (54/66)