Isaiah (53/66)  

1. Господи, Кој поверува на тоа, што го чул од нас и кому му се откри силата Господова?
2. Зашто изникна Он пред него како младо дрвце и како стебленце од сува земја; нема во Него ни изглед, ниту величие; ние Го видовме, и во Него немаше изглед, што ке не привлекува кон Него.
3. Он беше презрен и понизен ме у лу ето, маж на болки и свикнат на страдања, и ние го одвракавме од Него лицето свое; Он беше презиран, и ние за ништо не Го сметавме.
4. Но Он ги зеде врз Себе нашите болки и ги понесе нашите слабости; а ние мислевме, дека Он беше поразуван, казнуван и понизуван од Бога.
5. А Он беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија; казната за нашиот мир падна врз Него, а преку Неговите ради ние се излекувавме.
6. Сите ние бевме заблудени како овци, се отстрани секој од патот свој, - и Господ ги возложи врз Него гревовите на сите нас.
7. Он беше измачуван, но стадаше доброволно и устата Своја не ја отвораше; како овца Он беше одведен на колење, и како што е јагнето пред стрижачите свои безгласно, така и Он не ја отвори устата Своја.
8. Он беше лишен од праведен суд. Но родот Негов Кој ке го објасни? Зашто беше одземен од земјата на живите; заради беззаконијата на Мојот народ беше осуден на смрт.
9. Му определија гроб со злодејци, но Он беше погребан кај богатиот, зашто не беше направил грев и во устата негова немаше лага.
10. Но на Господа му беше угодно да Го понизи, и Го предаде на мачење; а кога душата Негова Му принесе милоствна жртва, Он ке види долговечно потомство, и вољата Господова ке напредува преку Неговата рака.
11. Kе се зарадува поради трудот на душата Своја ке види светлина. Праведниот Слуга Мој ке ги оправда мнозина и гревовите нивни врз Себе ке ги понесе.
12. Затоа Јас ке Му дадам големо наследство, со силните плен ке дели, зашто душата Своја на смрт ја предаде, и ме у злодејците беше вброен и ги понесе врз Себе гревовите на мнозина и за престапниците стана посредник.

  Isaiah (53/66)