Isaiah (52/66)  

1. Дигни се, дигни, облечи се во силата своја, Сионе! Облечи се во облеката на величието свое, Ерусалиме, свети граде! Зашто отсега нема повеке да влегува во тебе необрезан и нечист.
2. Истреси го од себе правот; стани, заробени Ерусалиме! Симни ги веригите од вратот свој, заробена керко Сионова!
3. Зашто вака вели Господ: "За ништо бевте продадени, и без сребро ке бидете откупени."
4. И уште вака вели Господ Бог: "Народот Мој одеше порано во Египет, за да поживее таму, а Асур го притеснуваше без причина.
5. А сега што имам тука - вели Господ: "Народот Мој е земен даром, владетелите нивни беснеат, вели Господ, и постојано, секој ден, името Мое се навредува.
6. Затоа Мојот народ ке го познае името Мое; затоа ке разбере во оној ден, дека Јас сум истиот, Кој вели: "еве Ме!"
7. Колку се прекрасни врз горите нозете на благовесникот, кој навестува мир, благовестува радост, проповеда спасение, кој му говори нс Сион: "Твојот Бог се зацари!"
8. Ете го гласот на твоите стражи! Тие кренаа глас, и сите заедно ликуваат, зашто со очите свои гледаат, дека Господ се врака во Сион.
9. Веселете се, пејте заедно, урнатини ерусалимски, зашто Господ го утеши народот Свој - го откупи Ерусалим.
10. Ја засука Господ Својата света мишка пред очите на сите народи, - и сите краишта земни ке го видат спасението од нашиот Бог.
11. Одете си, одете си, излезете оттаму; не допирајте се до нечисто; излезете од средината негова, очистете се, вие што носите садови Господови!
12. Зашто нема да излезете набргу и нема да избегате; оти пред вас ке тргне Господ, и Бог Израилев ке биде зад вас.
13. Ете, Мојот слуга ке успее, ке се воздигне, ке се возвиси и возвеличи.
14. Како што мнозина беа зачудени, гледајки во Него - толку ликот Негов беше обезличен повеке, отколку на секој човек, и видот Негов - повеке, отколку на синовите човечки, - !
15. така ке зачуди многу народи, цареви ке ја затвораат пред Него устата своја, зашто ке го видат она, за кое не им било говорено, и ке го дознаат она што не го слушнале.

  Isaiah (52/66)