Isaiah (50/66)  

1. Вака вели Господ: "Каде е разводното писмо за вашата мајка, со која ја отпуштив? Или на кого од моите зајмодавачи ве продадов? Ете, вие сте продадени заради гревовите свои, и заради вашите престапи мајката ваша е отпуштена.
2. Зошто кога дојдов, немаше никого? И кога повикав, никој не се одsва? Зар раката Моја се скратила, та не може да избавува или во Мене нема сила да спасувам? Ете, со заплашувањето Свое море пресушувам, претворам реки во пустиња; рибите во нив гнијат поради недостиг на вода и умираат од жед.
3. Јас ги обекува небесата во мрак и кострет им правам за покривка.
4. Господ Бог ми даде вешт јазик, за да можам со зборови да го покрепувам изнемоштениот: секое утро Он го разбудува името Мое, за да слушам како оние што се учат.
5. Господ Бог ми го отвори увото, и јас не се спротивставив, не остапив назад.
6. Грбот Свој го подметнав на оние што Ме биеја, и образите свои - на оние што Ме удираа; лицето Свое не го скрив од подбив и плукање.
7. И Господ Бог ми помага: затоа не се срамувам, зато го држам лицето Свое како кремен, и знам дека нема да останам посрамен.
8. Близу е Оној, Кој Ме оправдува: кој сака да се натпреварува со Мене? Да застанеме заедно. Кој сака да се суди со Мене? Нека пристапи кон Мене.
9. Ете, Господ Бог Ми помага: Кој ке ме осуди? Ете, сите тие како облека ке изветвеат; молец ке ги изгризе.
10. Кој од вас се плаши од Господа, го слуша гласот на Неговиот Син? Кој оди во мрак, без светлина, да се надева на името Господово и да се потпира врз својот Бог.
11. Ете, сите вие што палите оган, кои сте вооружени со запалени стрели - одите во пламенот на вашиот оган и на стрелите, што сте ги вжештиле! Тоа ке ви биде од Мојата рака: во маки ке умрете."

  Isaiah (50/66)