Isaiah (5/66)  

1. Kе му ја запеам на мојот Возљубен Неговата песна за лозјето негово. Мојот Возљубен имаше лозје на врвот од плодороден рид;
2. Тој го огради и го исчисти од камења, насади во него одбор од лозови прачки, изгради кула во средината негова, направи големи крбли; очекуваше да роди добро грозје, а тоа роди диво грозје.
3. Па сега, жители ерусалимски и мажи Јудејци, пресудете ме у Мене и Моето лозје.
4. Што уште требаше да направам за Моето лозје и не го направив? Зошто, очекував принос од добро грозје, тоа даде диво грозје?
5. Сега ке ви кажам што ке направам со лозјето Свое: ке ја иставам оградата, и тоа ке биде опустошено; ке му ги разрушам sидиштата, и ке биде газено:
6. ке го оставам да запусти: нема ни да го режат, ни да го копаат, - ке обрасне во трње и боцки, ке им заповедам на облаците да не истураат дожд врз него.
7. Лозјето на Господа Саваот е домот Израилев, а лу ето на Јуда - Негова љубена градина. И чека Он правосудие, но ете - крвопролевање; чека правда, а ете - пискот.
8. Тешко ви вам, што притурате кука кон кука, што присоединувате нива кон нива, така што за другите да не останува место, како да сте само вие населени на земјата!
9. Во ушите мои - Господ Саваот рече: - тие многубројни домови ке бидат пусти, тие големи и убави куки ке бидат без жители;
10. десет дулуми лозје ке дадат едно буре, а еден шиник посеано семе, одвај ке донесе една ефа.
11. Тешко им е на оние, кои од рано утро бараат сикер и до доцна вечер се згорештуваат со вино;
12. на нивните гоштавки има и гитара, и гусле, и тимпани, и свирка и вино; а кон делата на Господа тие и не погледнуваат, ниту помислуваат за делата на Неговите раце.
13. Затоа мојот народ ненадејно ке отиде во ропство; неговите големци ке гладуваат, богаташите негови ке се мачат од жед.
14. Затоа пеколот се раширил и без мерка ја отворил устата своја: таму ке слезе нивната слава и нивното богатство, вревата нивна и се што ги весели
15. И ке се раскае човекот, ке се смири мажот, и очите на гордите ничкум ке поникнат;
16. а Господ Саваот се возвеличи во суд, светиот Бог ке ја соопшти светоста Своја во правда.
17. И овците ке си пасат по воља, и ту и ке се хранат со оставените плодни пасишта на богатите.
18. Тешко им на оние, што влечат по себе беззаконие со јажиња на суетноста и грев - како со колски ремења;
19. кои велат: "Нека побрза Он и нека го забрза делото Свео, за да видиме, нема се приближи и нека се исполни решението на Светецот Израилев, за да дознаеме!"
20. Тешко им на оние, кои злото го нарекуваат добро и доброто - зло, темнината ја сметаат за светлина, и светлината - за темнина, горчливото - за слатко, а слаткото - за горчливо!
21. Тешко има на оние, кои се мурди во своите очи и разумни пред самите себеси!
22. Тешко им на оние, кои се храбри вино да пијат и се во сила да приготвуваат жесток пијалок,
23. кои за подароци го оправдуваат виновниот и ги лишуваат праведните од законитиото!
24. Затоа, како што огнот ја јаде сламата, и пламенот го истребува сеното, така ке загине коренот нивни, цветот нивни ке се разнесе како прав; зашто тие го отфрлија законот на Господа Саваот и го презреа словото на Светецот Израилев.
25. Затоа гневот на Господа ке се разгори против Неговиот народ, ке ја протегне раката Своја против него и ке го порази, така што горите ке затреперат и труповите нивни ке бидат како убре по улиците. А при сето тоа гневот Негов нема да се одврати и раката Негова уште ке биде протегната.
26. И ке крене знаме за далечни народи и ке им даде знак на оние што живеат на крајот од земјата, и ете, тие лсно и брзо ке дојдат;
27. кај нив нема да има ни умрен, ни премален; ниеден нема да задреме и нема да заспие; нема да се отпаше појасот од половината негова и нема да се одврзе ремен од чевлите негови;
28. стрелите негови се изострени, сите лакови - им се затегнати; копитата на коњите нивни се како кремења, а колцата нивни - како виор;
29. рикањето нивно е како рикањето на лавица; тој рика како лавче и ке зарика, ке го зграпчи пленот и ке го однесе и никој нема да му го одземе.
30. Во оној ден ке зарика против него како божем рикање на разбеснето море; ке погледне Он на земајта, и ете, темнина и жалост, а светлината потемнела во облаците.

  Isaiah (5/66)