Isaiah (49/66)  

1. Слушајте Ме, острови, и внимавајте, народи далечни: Господ Ме повика уште од утробата, од мајчината Ми утроба го нарече името Мое;
2. ја направи устата Моја како остар меч: под сенката на раката Своја Ме криеше и Ме направи изострена стрела; во Својата торба за стрели Ме чуваше;
3. Он Ми рече: "Ти си Мој слуга, Израиле, - во тебе ке се прославам."
4. Јас, пак, реков: "Напразно сум се трудел, за ништо и попусто сум ја истрошувал силата Своја. Но правото Мое е во Господа, и наградата Моја е во Мојот Бог.
5. А сега вели Господ, Кој уште од утробата ме направи слуга Свој, да го вратам кон Него Јакова, за да се собере при Него Израилот; а кога ке се собереме, ке се прославам во Господа и Мојот Бог ке биде сила Моја.
6. И Он рече: "Малку е, тоа што Ти ке ми бидеш слуга, за да се подигне племето Јаковово и да се поврати остатокот Израилев, туку Јас ке те направам светило за народите, за да се рашири спасението од Господа до краиштата на земјата.
7. Така вели Господ, Искупителот на Израилот, Светецот негов, на презираниот од сите, на прекоруваниот од народот, на слугата на силните: царевите ке Те видат и ке станат кнезови ке се поклонат заради Господа, Кој е верен, заради Светецот Израилев, Кој Те избрал.
8. Вака вели Господ: "Во благопријатно време Те чув и во денот на спасението Ти помогнав; и Јас ке те пазам и ке Те направам завет на народот, за да ја востановиш земјата, да им ги вратиш на наследниците опустошените наследства.
9. Да им кажеш на затворените: излезете, и на оние, што се во темнина: покажете се. Крај патиштата ке пасат тие, по сите ридови ке бидат нивните пасишта;
10. Нема да трпат глад и жед, нема да ги удри припек и сонце; зашто Оној, Кој ги милува, ке ги води и ке ги доведе при извори водни.
11. И сите Мои гори ке ги направам друмови, Моите патишта ке бидат издигнати.
12. Ете, едни ке дојдат оддалеку; и ете - едни од север и од морето, а други - од земјата Синим.
13. Радувајте се, небеса, и весели се, земјо; воскликнувајте од радост гори, зашто Господ го утеши Својот народ и ги помилува Своите страдалници.
14. А Сион велеше: "Ме остави Господ, мојот Бог ме заборави!"
15. Може ли жена да го заборави породот свој, а да не се смилува на чедото од утробата своја? А и кога би го заборавила, Јас тебе нема да те заборавам.
16. Ете, на Своите дланки сум те забележал; твоите sидишта секогаш се пред Мене.
17. Твоите синови ке побрзаат кон тебе, а твоите разурнувачи и опустошители ке си отидат од тебе.
18. Крени ги очите и погледај наоколу, - тие сите се собираат, доа аат кон тебе. Жив сум Јас! вели Господ, - со сите нив ке се облечеш како со накит и ке се промениш со нив како невеста.
19. Зашто твоите урнатини, твоите пустињи и твојата разорена земја сега ке бидат многу тесни за жителите, за оние, што те голтаа, ке си отидат од тебе.
20. Децата, што ги имаш, бидејки си ги изгубила поранешните, ке ти говорат гласно: "Тесно е местото за мене; отстапи ми, за да можам да живеам."
21. И ти ке речеш во срцето свое: кој ми ги роди? Јас бев бездетна и бесплодна, одведена во плен и оддалечена; но, кој ги одгледа - ете, јас си останувам сама; а тие каде беа?
22. Вака вели Господ Бог: "Ете, ке ја кренам раката Своја кон народите, ке го издигнам знамето Свое пред племињата, - и ке ги донесат синовите твои на раце и керките твои - на раменици.
23. И царевите ке бидат твои хранители, и нивните царици ке бидат твои доилки; со лицето до земјата ке ти се клањаат и ке го лижат правот од нозете твои, и ке дознаеш, дека сум Јас Господ, дека оние, што се надеваат на Мене, нема да се посрамат.
24. Може ли да се одземе плен од силен, и можат ли да се одземат заробени од победникот?"
25. Да, така вели Господ: и секој заробен од исполин ке биде одземен и грабежот од тиранинот ке биде вратен; зашто Јас се борам со твоите противници и ке ги спасам твоите синови;
26. ке ги нахранам твоите угнетувачи со нивното сопствено месо, ке бидат напоени со својат крв како со ново вино; и секое тело ке дознае, дека Јас сум Господ, твој Спасител и твој Искупител, Силниот Бог Јаковов.

  Isaiah (49/66)