Isaiah (48/66)  

1. Слушај го ова, доме Јаковов, вие, кои се нарекувате со името на Израилот и кои сте произлегле од Јуда, кои се колнете во името Господово, го спомнувате Бога Израилев, иако не по вистина и не по правда.
2. Зашто тие се нарекуваат по светиот град и се потпираат на Бога Израилев; Господ Саваот е името Негово.
3. Поранешното Јас однапред го кажував, и она што од устата Моја излегуваше и Јас го навестував и брзо го вршев, - и се се извршуваше.
4. Јас знаев, дека ти си упорен и дека во твојот врат има железни жили, и челото ти е бакарно;
5. затоа и ти јавував од рано, пред да се случи тоа, и ти навестував, за да не речеш: "Мојот идол го направи тоа, мојот идол и мојот излеан лик заповеда тоа да стане."
6. Ти си слушал - погледај го сето тоа! И зар нема да го признаете тоа? А сега те известувам за нешто ново и сокриено, што ти не си го знаел.
7. Тоа се изврши сега, а не одамна и не пред еден ден, и ти не си слушал за него, за да кажеш: "Ете, јас го знаев тоа."
8. Ти не си слушал, ниту си знаел за тоа, и увото твое порано не беше отворено; зашто Јас знаев, дека ти ке постапиш вероломно; од самата мајчина утроба си наречен отстапник.
9. Заради името Свое го одлагав Својот гнев и заради славата Своја се воздржував да не те истребам.
10. Ете, те растопив, но не како сребро, те испитав во печката на страдањата.
11. Заради Себе, заради Самиот Себе го вршам тоа, - зашто, каква навреда би била за името Мое! Славата Своја нема да ја дадам на друг.
12. Чуј Ме, Јакове и Израиле, повикан од Мене: Јас сум истиот, Јас сум првиот и Јас последниот.
13. Мојата рака ја основа земјата, Мојата десница го распростре небото; ке ги повикам, - и тие ке застанат заедно.
14. Соберете се сите и слушајте: кој од нив го претскажал ова? Господ го возљуби, и тој ке ја исполни вољата Негова над Вавилон и ке ја јави мишката Своја над Халдејците.
15. Јас, Јас реков, и го повикав; Јас го доведов, патот негов ке биде успешен.
16. Пристапете кон Мене, слушајте го ова: Јас и во почетокот говорев не тајно; од она време, откако се извршува тоа, Јас бев таму; и сега Ме испрати Господ Бог и Неговиот дух.
17. Вака вели Господ, твојот Искупител, Светецот Израилев: Јас сум Господ, Бог твој, Кој те учи на добро, Кој те води по оној пат, по кој треба да одиш.
18. О, да беше ги слушал Моите заповеди! Тогаш твојот мир ке беше како река, и тојата правда - како морски бранови.
19. И твоето потомство би било како песок, а породот од утробата твоја, - како зрнцата негови: името твое не би се истребило нити избришало пред Мене.
20. Излегувајте од Вавилон, бегајте од Халдејците, со радосен глас разгласувајте и проповедајте го тоа, ширете ја таа вест до крајот на земјата; кажувајте: "Господ го откупи Својот слуга Јакова."
21. Не ожеднуваат тие во пустињите, преку кои ги води: Он им извади вода од камен; пресекува карпа, - и се леат води.
22. А за лошите нема мир, вели Господ.

  Isaiah (48/66)