Isaiah (47/66)  

1. Слези и седни во прав, о, девице, керко вавилонска; седни на земја: престол нема, керко халдејска, и во иднина нема да те нарекуваат нежна и милолика.
2. Земи рачници и мели брашно; симини го превезот, засукај ракави, разголи ги нозете, гази преку река:
3. твојата голитија ке се открие, и ке се види твојата срамотија. Kе се одмаздам и никој нема од тоа да ме одврати.
4. Нашиот Избавител - името Му е Господ Саваот - е Светецот Израилев.
5. Седи молкум и прибери се во темнината, керко халдејска, зашто во иднина нема да те нарекуваат господарка на царствата.
6. Јас се разгневив на Својот народ, и го предадов наследството Свое, што го оскревни ти, во твои раце; а ти не им покажа милост, на старците им го стави најтешкото твое иго.
7. И си велеше: "Вечно ке бидам господарка", и на ум не го ставаше ова, не помислуваше што ке стане потоа.
8. Но сега ислушај го ова, ти, развратнице, која живееш безгрижно, која седиш и велиш во срцето: "Јас сум, и нема друга како мене: нема да останам вдовица, ниту ке осиромашам."
9. Но ненадејно, во еден ден, ке те снајде и едното и другото - загубата на децата и вдовството; во полна мера ке те снајдат тие, при сето множество на твоите магесништа и големата сила на твоите ма ии.
10. Зашто ти се надеваше на своето злодејание и велеше: "Никој не ме гледа." твојата мудрост и твоето знаење - тие те отстранија од патот, а ти си велеше во срцето свое: "Јас сум, и нема друга како мене."
11. Kе дојде на тебе зло: нема да знаеш, од каде доа а тоа; ке те снајде беда, кој не ке можеш да ја отфрлиш; и ненадејно ке те стигне погибел, за која и не мислиш.
12. Стој си, пак, со твоите ма ии и со многуте баења, со кои си се занимавала до млади години: можеби - ке си помогнеш, можеби - ке се одржиш.
13. Ти си умрона од многу замисли; нека излезат оние, што го набљудуваат небото, sвездобројачите и претскажувачите по новомесечијата, нека те спасат од она, што треба да ти се случи.
14. Ете, тие се како слама: оган ке ги изгори; не ја спасија душата своја од пламенот; не остана јаглен да се погрее некој, ниту оган, за да се поседи крај него.
15. Такви ке бидат оние, за кои си се грижела, со кои си тргувала од млади години. Секој тргнал по својот пат; никој не те спасува.

  Isaiah (47/66)