Isaiah (45/66)  

1. Вака му вели Господ на Својот помазаник Кира: "Те држам за десната рака, за да ти покорам народи, и ке ги симнам појасите од бедрата на царевите, за да ти се отворат вратите, и портите да не бидат затворени.
2. Пред тебе ке одам, планини ке рамнам, бакарни врати ке разбивам и железни резиња ке кршам;
3. тебе ке ти ги предадам чуваните во темно богатства и сокриените добра, за да познаеш, дека Јас сум Господ. Кој те нарекувам по име, - Бог Израилев.
4. Заради Јакова, Мојот слуга и Израилот, Мојот избраник, Јас го нареков по име, те почитував, иако не Ме познаваше.
5. Јас сум Господ и нема друг; нема Бог освен Мене; Јас те препашав, иако не ме познаваше,
6. за да дознаат од изгрев сонце и од запад, дека нема друг освен Мене: Јас сум Господ, и нема друг.
7. Јас ја создавам светлината и ја правам темнината, правам мир и причинувам невољи. Јас, Господ го вршам сето тоа.
8. Росете, небеса, одозгора, и облаците нека изливаат правда; нека се растфвори земјата и нека донесува спасение, заедно да произлегува и правдата. Јас, Господ, го правам тоа.
9. Тешко му на оној, кој се расправа со Создателот свој! Црепче од земни садови со други такви парчиња! Kе му каже ли глината на грнчарот: "што правиш" и твоето дело ке каже ли за тебе: "тој нема раце?"
10. Тешко му на оној, кој му вели на татка си: "зошто си ме создал на светов", а на мајка си: "зошто си ме родила?"
11. Вака вели Господ, Светецот Изралев и неговиот Творец: "Kе ме прашате ли за иднината на синовите Мои и ке сакате ли да ми се мешате во делото на рацете Мои?
12. Јас ја создадов земјата и го создадов на неа човекот; Јас - Моите раце ги простреја небесата; и на сета нивна војска Јас им дадов закон.
13. Јас го подгинав во правда и ке ги израмнам сите патишта негови. Тој ке го изгради Мојот град и ке ги отпушти заробените Мои не за откуп, ниту за дарови, вели Господ Саваот.
14. Вака вели Господ: печалбите на Египтјаните и трговијата на Етиопијците, и Савејците, лу е силни, кои тебе ке преминат и твои ке бидат, во вериги ке дојдат, ке паднат пред тебе ничкум и ке те молат, велејки: само ти имаш Бог, и нема друг Бог."
15. Вистина, Ти си Бог сокриен, Бог Израилев, Спасител.
16. Сите тие ке бидат посрамени и засрамени; заедно со нив ке отидат со срам и сите оние што прават идоли.
17. А Израилот ке биде спасен со вечно спасение од Господа; вие нема да бидете посрамени и осрамотени во веки веков.
18. Зашто вака вели Господ, Кој го создаде небото, Он, Бог, Кој и даде облик на земјата и Кој ја создаде; Он ја зацврсти, не ненадејно ја создаде; Он ја создаде за живеење. Он вели: Јас сум Господ, и нема друг.
19. Не говорев тајно Јас, не во темно место на земјата; не му реков на Јакововото племе: "напразно Ме барате." Јас сум Господ, Којшто изрекува правда, Којшто ја открива вистината.
20. Соберете се и дојдете, приближете се сите, преживеани од народите. Неразбрени се оние, што го носат својот дрвен идол и се молат на бог, кој не спасува.
21. Објавете и кажете, откако ке се посоветувате ме у себе: кој го кажа тоа од стари времиња? Кој однапред го кажал тоа? Нели Јас, Господ, Нема друг Бог освен Мене, - Бог праведен и Кој спасува, нема освен Мене.
22. Кон Мене обрнете се, и ке бидете спасени, сите краишта земни, зашто Јас сум Бог и нема друг како Мене.
23. Се колнам во Себе Самиот: од уста Моја излегува правда, збор неизменлив, дека пред Мене ке се преклони секое колено, во Мене ке се колне секој јазик.
24. Само во Господа, ке велат за Мене, има правда и сила; при Него ке дојдат и ке се засрамат сите, што непријателствувале против Него.
25. Преку Господа ке биде оправдано и прославено целото племе Израилево.

  Isaiah (45/66)