Isaiah (44/66)  

1. А сега слушај, Јакове, слуго Мој, и ти, Израиле, кого Јас го избрав.
2. Вака вели Господ, Кој те создаде и те обликува, Кој ти помага од мајчината утроба: не плаши се, слуго Мој Јакове, и возљубен Мој, кого Јас го избрав;
3. зашто ке излеам вода врз она што жедува, и потоци врз исушеното; ке го излеам духот Свој врз твоето племе и благословот Свој - врз твоите потомци.
4. Kе растат како трева крај извори, како врби крај водни потоци.
5. Еден ке рече: "Јас сум Господов", друг ке се нарече со името на Јакова; а трет ке напише со раката своја: "Јас сум Господов", ке се нарече со името Израилево.
6. Вака вели Господ, Царот на Израилот и неговиот Избавител, Господ Саваот: "Јас сум првиот, Јас сум и последниот; освен Мене нема Бог;
7. зашто кој е како Мене? Нека раскаже тој, да разгласи и по ред да Ми престстави се од она време, кога го усторов древниот народ, нека го разгласат она што настапува и она што ке биде...
8. Не бојте се и не плашете се: нели оддамана ти соопштив и престкажав? И вие сте Мои сведоци. Има ли Бог освен Мене? Не, друга никаква карпа не знам.
9. Оние, што прават идоли, сите се ништожни, нивните најсакани не донесуваат никаква корист тие сами се сведоци во тоа. Тие не гледаат, ниту разбираат, и затоа ке бидат посрамени.
10. Кој направил бог и излеал идол, што не донесува никаква корист?
11. Сите учесници во тоа ке бидат посрамени, зашто и самите мајстори сепак се лу е; сите тие нека се соберат и нека застанат; тие ке се уплашат и сите ке бидат посрамени.
12. Ковачот прави сечило од железо, со чекан го мазни и се труди над него со силната рака своја до толку, што прегладнува и премалува, не пие вода и изнемоштува.
13. Дрводелецот, откако ке одбере дрво, влече по него линија, со остар алат го оцртува, потоа изработува лик на убав човек, за да го постави дома.
14. Сече кедри, зема бор и даб, кои ги одбира ме у шумските дрвја, сади јасен, кого дождот го прави да расте.
15. И тоа му служи на човекот за оган, а дел од него употребува да се топли, да запали оган и да пече леб. А од него прави и бог и му се поклонува, прави идол и па а ничкум пред него.
16. Дел од дрвото изгорува во оган, со друг дел вари месо за јадење, си пече печено и јаде до наситување, а исто така се грее и вели: "добро е, се згреав; почувствував топлина."
17. А од остатоците прави бог, свој идол, му се поклонува, па а ничкум пред него и му се моли и вели: "спаси ме, зашто ти си мој бог."
18. Не знаат, ниту разбираат: "Он им ги затворил очите, за да не гледаат, и срцата нивни - за да не разбираат.
19. И не го зема тоа при срце, ниту има до толку знаење и разум да каже: "половината негова ја изгорев на оган и на јагленот негов испеков леб, сварив месо и јадев; а од остатокот зар ке направам одвратност, зар ке се клањам на парче дрво?"
20. Рзбери дека срцето на идол е од пепел; измаменото срце твое те довело во заблуда, и не може да ја ослободи душата своја и да рече: "нели е измама тоа што е во десната рака моја?"
21. Помни го тоа, Јакове и Израиле, зашто ти си Мој слуга; Јас те создадов; Мој слуга си ти, Израиле, не Ме заборавај.
22. Kе ги избришам како магла твоите беззаконија, и твоите гравови - како облак; сврти се кон Мене, зашто Јас те откупив.
23. Веселете се, небеса, зашто Господ го направи тоа. Ликувајте, длабочини земни; шумете од радост, гори и шуми и сите дрвја во нив; зашто Господ го откупи Јакова и ке се прослави во Израилот.
24. Вака вели Господ, Кој те откупува и Кој те обликува во мајчината утроба: Јас сум Господ, Кој се создадов, Сам ги спрострев небесата и со силата Своја ја послав земјата.
25. Јас ги правам ништожни доказите на лажните пророци и на видело го изнесувам безумието на ме есниците, Јас Кој ги вракам мудреците и знаењето нивно го обрнувам во лудост.
26. Го потврдувам зборот на Својот слуга и го извршувам изреченото од Моите пратеници, му велам на Ерусалим: "Ти ке бидеш населен" и на градовите Јудини: "Вие ке бидете изградени; и урнатините негови Јас ке ги возобновам."
27. Јас и велам на бездната: "Исуши се!" И реките твои Јас ке ги исушам.
28. Кој вели за Кира: "Тој е Мој пастир, и тој ке ја исполни секоја воља Моја и ке му рече на Ерусалим: "Ти ке бидеш одново изграден!" и на храмот "ти ке бидеш основан!"

  Isaiah (44/66)