Isaiah (43/66)  

1. А сега вака вели Господ, Кој те создаде Јакове, и Кој те образувал, Изариле: не плаши се, зашто Јас те откупив, те нареков според името твое; ти си Мој.
2. Преку води ли ке минуваш, Јас сум со тебе; преку реки ли - тие нема да те потопат; ако тргнеш преку оган, нема да се изгориш, и пламенот нема да те обгори.
3. Зашто Јас сум Господ, Бог твој, Светецот Израилев, твојот Спасител; откуп за тебе го дадов Египет; Етиопија и Савеја ги дадов за тебе.
4. Бидејки си скап во очите Мои, многу си ценет; Јас те возљубив, затоа ке дадам други лу е за тебе, и народи за твојата душа.
5. Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; од исток ке го доведам твоето племе и од запад ке го соберам.
6. На север ке му кажам: дај; и на југ: не задржувај; доведи ги синовите Мои оддалеку и керките Мои - од краиштата на земни,
7. секого, кој се нарекува со Моето име, кого сум го создал за Мое прославување, ги содадов и направив.
8. Изведи го слепиот народ, иако има очи, и глувиот, иако има уши.
9. Нека се соберат сите народи заедно, нека се соеднинат племињата. Кој од нив го претскажал тоа? Нека соопштат што било во почетокот; нека доведат сведоци од себеси и да се оправдаат, за да може да се чуе и да се каже: "вистина е."
10. А Мои сведоци, вели Господ, сте вие и Мојот слуга, што го избрав, за да знаете и да Ми верувате, да разберете дека сум тоа Јас: пред Мене немаше Бог, и по Мене нема да има.
11. Јас, Јас сум Господ, и нема Спасител освен Мене.
12. Јас предреков и спасив, однапред претскажав а друг немате, вие сте Мои сведоци, оти Јас сум Бог - вели Господ;
13. од почетокот на дните Јас сум ист, никој нема да се спаси од раката Моја; Јас ке направам, и кој ке го измени тоа?
14. Така вели Господ, вашиот Изкупител, Светецот Израилев; заради вас испратив во Вавилон и ги исфрлив сите резиња на затворите и Халдејците, кои се гордееја со кораби.
15. Јас сум Господ, вашиот Светец, Создателот на Израилот, вашиот Цар.
16. Така вели Господ, кој отвори во морето пат, по разбранувани води - патека.
17. Кој изведе бојни коли и коњи, војска и сила; сите легнаа наедно, не станаа; угаснаа, како фитил истлееја.
18. Но вие не се секавате за поранешното и за некогашното не помислувате.
19. Ете, Јас правам нешто ново; еве сега ке се јави; зари и тоа не сакате да го знаете? Kе направам пат низ степи, реки - преку пустиња.
20. Полските sверови ке Ме прослават, шакали и ноеви, зашто ке им дадам вода во пустињата, реки - во суви степи, за да го појам Мојот избравн народ.
21. Овој народ го создадот за Себеси; тој ке ја разгласува славата Моја.
22. А ти, Јакове, не си Ме викал: ти, Израиле, не си се трудел за Мене.
23. Не си Ми ги принесувал своите јагниња за сепаленица, ниту си Ме почитувал со жртвите свои. Не сум те принудувал да Ми служиш со лебни приноси и не сум ти дотежнувал, барајки од тебе да Ми кадиш.
24. Не си ми купувал со сребро кадило, ниту си Ме наситувал со мрсно месо од жртвите свои; но со твоите гревови си Ме оптоварувал; со твоите беззаконија си Ми дотежнувал.
25. А Јас, Јас Сам ги бришам твоите престапи заради Самиот Себе и гревовите твои нема да ги спомнам.
26. Спомни Ме; ке се судиме; говори, за да се оправдаш.
27. Твојот праотец згреши, а твоите застапници отстапија од Мене.
28. Затоа настојниците на светилиштето ги лишив од свештенство, Јакова го предадов на проклетство и Израилот на подбив.

  Isaiah (43/66)