Isaiah (42/66)  

1. Еве го Мојот Слуга, Кого Го држам за рака, Мојот Избраник, кон Кого благоволи душата Моја. Kе го положам Духот Свој врз Него, и Он ке им биде суд на народите;
2. нема да викне, ниту да го подигне гласот Свој, нема да дозволи да го чујат на улиците;
3. скршената трска нема да ја здроби, и ленот што тлее нема да го угасне; ке суди според вистината;
4. нема да ослабне, ниту ке изнемошти, додека на земјата не утврди суд, народите ке се надеваат на Неговиот закон.
5. Така вели Господ Бог, Кој ги создал небесата и нивното пространство, Кој ја раширил земјата со нејзините производи, Кој му дава здив на народот што е на неа, и дух на оние што одат по неа.
6. Јас, Господ, Те повикав во правда, цврсто ке Те држам за рака и ке Те пазам, ке те поставам за завет на народот, светлина за незнабошците,
7. за да им ги отвориш очите на слепите, да ги изведеш врзаните од затвор и оние што седат во темнина - од темнина.
8. Јас сум Господ, тоа е Моето име, и нема да ја дадам славата Своја на друг, ниту честа Своја на идоли.
9. Ете, претскажаното порано се зби, и ново ке известам; пред да стане тоа, Јас ке ве известам.
10. Пејте Му на Господа нова песна, похвална за Него од земните краишта, вие што пловите по море, и се, што го полни, островите и оние што живеат на нив.
11. Нека издигне глас пустињата и нејзините градови, населбите, каде што живее Кидар; нека ликуваат оние што живеат во карпи, нека воскликнуваат од врвовите горски.
12. Нека Му воздадат слава на Господа, похвалата Негоав нека ја возвестат на островите.
13. Господ ке излезе како исполин, ревноста ке ја возбуди како војник; ке извика и ке подигне војнички вик; ке се покаже силен против непријателите Свои.
14. Долго молчев Јас, трпев и се воздржував; сега ке викам како родилка, ке разурнувам и ке голтам се.
15. Kе опустошувам планини и ридови, и сета нивна трева ке ја исушам; реките ке ги направам острови, езерата ке ги исушам.
16. Kе ги поведам слепите по пат, што тие не го знаат, ке ги водам по нејзини патеки, темнината ке ја направа светлина пред нив, а кривите патеки - прави: ете, што ке направам Јас за нив, и нема да ги оставам.
17. Тогаш ке се свртат назад и со голем срам ке се покријат оние, што се надеваат на идоли, кои им велат на идолите: вие сте наши богови.
18. Слушајте, глуви, и гледајте, слепи, за да видите.
19. Кој е толку слеп како што е Мојот слуга, и глув, како што е Мојот пратеник? Кој е толку слеп како што е возљубениот, кој е така слеп, како што е слугата Господов?
20. Ти си видел многу, но не си забележувал; ушите ти биле отворени, но не си слушал.
21. На Господа му било угодно заради правдата Своја да го возвеличи и прослави законот.
22. Но тоа е народ поробен и разграбен; сите тие се врзани во подземја и сокриени во темници; станале плен, и нема спасител, ограбени се, и никој не вели: врати го!
23. Кој од вас го приклонил увото кон тоа, кој викнал и го слушал за иднината?
24. Ког го предаде Јакова на разурнување и Израилот - на грабачи? Не е ли тоа Господ, против Кого згрешивме? Тие не сакаат да одат по патиштата Негови, ниту го слушаат законот Негов.
25. А Он ја излеа врз нив јароста на Својот гнев и жестокоста на војната: ти ги опкружи со пламен од сите страни, но тие не забележуваа; гореше во нив, но тие не го разбраа тоа со срце.

  Isaiah (42/66)