Isaiah (41/66)  

1. Молкнете пред Мене, острови, и нека народите ги обноват силите свои; нека се приближат и нека речат: да излеземе заедно на суд.
2. "Кој Го издига од исток Праведникот, кој Го повикува да оди пред Него? Кој Му ги предаде народите и Му ги покори царевите? Он ги претвори во прав со Неговиот меч, со Неговиот лак - во плева, развеана од ветар.
3. Он ги гонеше, одеше спокојно по патот, по кој никогаш не беше одел со нозете свои.
4. Кој го направи и изврши тоа? Оној, Кој во почетокот ги повика родовите; Јас, Господ, Јас сум првиот, и ме у последните - Јас сум истиот.
5. Островите видоа и се ужасија, краиштата земни затреперија. Тие се зближија и се собраа;
6. секој му помага на другарот свој и му вели на братот свој: "Држи се!"
7. Ковачот го бодри леарот; кој ги сплескува со чекан листовите, му одобрува на оној, што кова на ковална, велејки за спојката: "добра е"; и ја зацврстува со клинци, за да биде цврста.
8. "А ти, ти Израиле, слуго Мој, Јакове, кого Јас те избрав, семе на Авраама, пријателе Мој,
9. ти, кого го зедов од краиштата на земјата и го повикав од краиштата нејзини, и ти реков: Ти си Мој слуга, Јас те избрав и нема да те отфрлам.
10. Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; не се вознемирувај, зашто Јас сум Бог твој; Јас ке те закрепам и ке ти помогнам, ке те поддржам со десницата на Мојата правда."
11. Ете, постидени и засрамени ке останат сите, што се наежени против тебе, - ке бидат како ништо и ке загинат оние што се препираат со тебе.
12. Kе ги бараш - и нема да ги најдеш, нив, кои непријателствуваат против тебе; кои се борат со тебе; ке бидат како ништо, наполно ништо;
13. зашто Јас сум Господ, Бог твој; те држам за твојата десна рака, ти велам: "не плаши се, Јас ти помагам."
14. "Не се плаши, црву Јакове, малуброен Израиле, - Јас ти помагам, вели Господ, Јас твој Искупител, Светецот Израилев."
15. Ете, Јас ке ти направам остар дикел, нов, назабен; ти ке ги кршиш и ке ги ситниш планините, и ридовите ке ги направиш како прав.
16. Ти ке вееш, ветрот ке ги разнесе, и виорот ке ги развее; а ти ке се зарадуваш во Господа, ке се фалиш со Светецот Израилев.
17. Сиромаси и неимотни бараат вода, и нема, јазикот им се исушува од жед: Јас, Господ ке ги чујам, Јас, Бог Израилев, нема да ги оставам.
18. Kе отворам реки на врвот од горите и извори среде долини; пустињата ке ја направам езеро и сувата земја - водни извори;
19. ке насадам во пустиња кедар, ситим, мирта и маслинки, ке насадам во степите кипарис, јавор и бука наедно,
20. за да видат и познаат, и да ги разгледаат и разберат, дека раката Господова го направи тоа, дека Светецот Израилев го создаде тоа.
21. Претставете го делото свое, вели Господ; дајте ги доказите свои, вели Царот Јаковов.
22. Нека дојдат и нека ни кажат што ке биде; нека објават нешто, пред да стане, и ние ке проникнеме со умот свој и ке дознаеме, што ке биде потоа, или нека ни претскажат за иднината.
23. Кажете што ке биде во иднина, и ние ке познаеме дека сте богови, или направете нешто добро или лошо, за да се зачудиме и заедно со вас да видиме.
24. Но вие сте ништо, и делото ваше е ништожно; одвратен е оној што ве избра."
25. Јас го подигнав од север, и тој ке дојде; од изгрев сонце ке го повикува името Мое и ке ги гази кнезовите како кал, и ке ги гази, како грнчар глината.
26. Кој објави за тоа од почетокот, за да знаеме, и многу порано, за да можеме да кажеме: "навистина?" Но никој не кажал, никој не објавил, никој не ги чул вашите зборови.
27. Јас прв реков на Сион: "ете го, и му дадов на Ерусалим благовесник."
28. И така, Јас гледав, и немаше никого, ме у нив не се најде советник, за да можам да ги прашам, и тие да одговорат.
29. Ете, сите тие се ништо, ништожни се и делата нивни: ветар и ништожност се нивните идоли.

  Isaiah (41/66)