Isaiah (40/66)  

1. Утешувајте го, утешувајте го Мојот народ, вели вашиот Бог;
2. говорете му на Ерусалим, што му е по срце, и известувајте го, дека времето на неговата борба се исполни, дека за неправдата му е дадено задоволување, зашто од раката Господова доби двојно за сите свои гревови.
3. Гласот на оној што вика во пустињата говори: "Пригответе Му пат на Господа, прави направете ги во пустињата патеките за нашиот Бог;
4. секој дол да се исполни, секоја планина и рид да се снизат; кривините да се исправат, и нерамните патишта да бидат израмнети;
5. и ке се јави славата Господова, и секоја плот ке го види спасението од Бога; зашто устата Господова го изрече тоа."
6. Гласот говореше: "Разгласувај!" и рече: "Што да разгласувам?" - Секоја плот е трева, сета убавина нејзина е како полско цвеке.
7. Тревата се исушува, цвекето овенува, што ке дувне врз него здивот на Господа: така е и народот како трева.
8. Тревата се суши, цвекето свенува, а словото на нашиот Бог останува вечно."
9. Искачи се на високата гора Сион, ти кој јавуваш добри вести за Сион, извиши го силно гласот свој, благоизвестителе Ерусалиме, подигни го, не плаши се. Кажи им на градовите Јудини: еве Го вашиот Бог!
10. Ете, Господ Бог иде со сила и мишката Негова е со власт. Ете, наградата Му е со Него, а отплатата Му е пред лицето Негово.
11. Како пастир ке го пасе Он стадото Свое: јагнињата ке ги земе Он во рацете и ке ги носи на градите Свои, и грижливо ке ги води дојдените.
12. Кој ги исцрпел водите со раката своја и со педа го измерил небото, и со мерка го измерил правот земен, кој ги измерил на теразија планините и ридовите?
13. Кој го разбрал Духот на Господа, и Му бил Нему советник и Го учел?
14. Со кого се советувал Он, и кој Го вразумувал и Го поучувал во патот на правдата, и Го учел на знаење и Му го покажувал патот на мудроста?
15. Ете, народите се како капка од ведро, и се сметаат како прашинка на терезија. Ете, островите Он ги подигна како прашинки.
16. Ни Ливан не стигнува за жртвен оган, ни животните по него - за сепаленица.
17. Сите народи пред Него се како ништо, - за Него се помалку од ништо, и помалку се од суетата.
18. И така, со кого ке Го споредите Бога, и каква подобност ке Му најдете?
19. Уметникот го излева идолот, а златарот го покрива со злато и му додава сребрени веришки.
20. А кој е сиромав и нема што да му принесе, тој избира дрво, кое не гние, па бара искусен уметник за да направи идол, што ке стои цврсто.
21. Зар не знаете? Зар не сте слушале? Зар не ви е зборувано во почетокот? Зар не сте го разбрале тоа по основите на земјата?
22. Он е Оној, Кој седи над другот на земјата, а оние, што живеат на неа, се како скакулци пред Него; Он ги распослал небесата како танко платно и ги распнал како шатор за живеење.
23. Он ги претвора кнезовите во ништо, судиите земни ги прави да бидат ништожни.
24. Одвај посадени, одвај посеани, одвај се закоренил во земјата стракот нивни, штом Он ке дувне врз нив, тие се исушуваат; виорот ги однесува како плева.
25. "Со кого ке Ме изедначите и со кого ке Ме споредите? - вели Светецот.
26. Кренете ги очите свои кон висините небесни и погледнете, кој ги создал? Кој го пресметал бројот на војската нивна? Он сите нив ги нарекува по име: поради големата мок и големата сила во Него ништо не недостига.
27. А како говориш ти, Јакове, и велиш, Израиле: "Патот ми е сокриен од Господа, делото мое е заборавено пред мојот Бог?"
28. Зар не знаеш? Зар не си слушал дека вечниот Бог, Кој ги создал краиштата на земјата, не се изморува и не изнемоштува; Неговиот разум е неиспитлив.
29. Он му дава силан на уморениот и му дарува јачина на изнемоштениот.
30. Се уморуваат и момчињата и ослабуваат, и млади лу е па аат,
31. а оние кои се надеваат на Господа, ке ја обноват силата своја: ке кренат криља како орли, ке трчаат и нема да им биде тешко, ке одат и нема да се уморат.

  Isaiah (40/66)