Isaiah (39/66)  

1. Во тоа време вавилонскиот цар Мародах Валадан, син Валаданов, испрати до Езекија писмо и дарови, зашто беше чул, оти тој бил болен и оздравел.
2. Им се зарадува Езекија на гласниците и им ја покажа својата ризница, среброто и златото, пријатните мириси и скапоцените масла, целата своја оружница и се што се нао аше во неговата ризница, - не остана ништо, што не им го покажа Езекија во домот свој и по целото свое владение.
3. Тогаш дојде пророкот Исаија при царот Езекија и му рече: "Што рекоа овие лу е? Од каде дојдоа при тебе?" Езекија одговори: "Од далечна земја дојдоа тие при мене, од Вавилон."
4. И праша Исаија: "Што видоа тие во твојот дом?" Езекија одговори: "Видоа се, што има во мојот дом; ништо не остана во мојата ризница, што да не им покажав."
5. И му рече Исаија на Езекија: "Ислушај го словото на Господа Саваот:
6. ете, ке дојдат дни, и се што има во домот твој и што собрале татковците твои до денес, се ке биде однесено во Вавилон; ништо нема да остане, вели Господ.
7. Kе земат и од твоите синови, што ке произлезат од тебе, што ке ги родиш, и тие ке бидат евнуси во дворецот на вавилонскиот цар."
8. А Езекија му рече на Исаија: "Добро е словото Господово, што ти го изрече; а во себе помисли: барем ке има мир и сигурност во текот на моите дни."

  Isaiah (39/66)