Isaiah (38/66)  

1. Во тие дни Езекија се разболе смртно. И дојде кај него пророкот Исаија, синот Амосов, и му рече: "Вака вели Господ: направи завет за домот свој, зашто ке умреш, нема да оздравиш."
2. Тогаш Езекија се сврте со лицето кон sидот и се помоли на Господа велејки:
3. "О, Господи! Сети се, дека јас одев пред Твоето лице верно и со предано срце кон Тебе и вршев она што беше угодно пред Твоите очи." И силно заплака Езекија.
4. И дојде словото Господово кон Исаија и му беше речено:
5. "Оди, кажи му на Езекија: вака вели Господ, Бог на татка ти Давида: ја чув твојата молитва, ги видов твоите солзи, и ете, додавам кон твоите дни уште петнаесет години,
6. ке те спасам тебе и овој град од раката на царот асирски. Да, ке го зачувам тој град.
7. И, еве ти знак од Господа, дека Господ ке го исполни словото, што го изрече.
8. Еве, ке ја вратам десет стапки назад сончевата сенка, која мина по стапките Ахазови." И се врати сонцето десет стапки по стапките, по кои тоа слегуваше.
9. Молитвата на јудејскиот цар Езекија, кога беше болен и оздраве од болеста:
10. "Си реков во себеси: кога ги преполовив дните свои, треба да влезам во портите на пеколот; јас сум лишен од остатокот на годините свои.
11. Јас реков: нема да Го видам Господа, Господа во земјата на живите; нема да видам повеке човек ме у оние што живеат во светот;
12. моето живеалиште се симна од местото и се оддалечени од мене како овчарски шатор; како ткаач треба да го пресечам животот свој; Он ке ме отсече од основа; дење и ноке чекав, дека Ти ке пратиш смрт.
13. Чекав до утрото; како лав Он ги кршеше сите мои коски; ден и нок чекав дека ке ми испрати смрт.
14. Како жерав, како ластовичка испуштав гласови, како гулаб тагував; очите мои гледаа кон небото: Господи, притеснет сум, спаси ме.
15. Што да кажам? Тој ми рече, и Тој направи. Мирно ке ги поминам сите години на животот свој, помнејки ја тагата на душата своја.
16. Господи, така живеат, и во сето тоа за Тебе ке живее мојот дух; Ти ке ме излекуваш, ке ми даруваш живот.
17. Ете, за добро ми беше силната тага, Ти ја спаси душата моја од погибелниот ров, ги фрли зад грбот Свој сите мои гревови.
18. Зошто не пеколот Тебе Те слави, не смртта Тебе те восфалува, не слезените во гроб се надеваат на Твојата вистина.
19. Живите, само живите ке Те прослават, како јас сега; таткото ке им ја соопшти на децата Твојата вистина.
20. Господ ке ме спаси; и ние во сите дни на нашиот живот со звуците на моите жици ке пееме песни во домот Господов."
21. Тогаш рече Исаија: "Нека донесат суви смокви, нека ги изгмечат и нека ги става врз чирот; и царот ке оздрави."
22. А Езекија рече: "Кој е знакот, дека ке отидам во домот Господов?"

  Isaiah (38/66)