Isaiah (37/66)  

1. Штом го чу тоа царот Езекија, ја раскина својата облека и се покри со врекиште, па отиде во домот Господов;
2. ги повика началникот на дворецот Елијакима, и писарот Свена, и старешините на свештениците, покриени со врекишта при пророкот Исаија, син Амосов.
3. И тие му рекоа: "Вака вели Езекија: овој ден е ден на жалоста, казна и срам, зашто новороденчињата дојдеа до отворот на мајчината утроба, но сила нема за ра ање.
4. Можеби, Господ, твојот Бог, ке ги чуе зборовите на Рапсака, кого асирскиот цар, негов господар, го прати да Го навредува живиот Бог и да се подбива со зборовите, кои ги чу Господ, твојот Бог; за тоа принеси молитва за другите, што се уште живи."
5. И отидоа слугите на царот Езекија при Исаија.
6. И им рече Исаија: "Вака кажете му на вашиот господар: вака вели Господ: не плаши со од зборовите што ги чу, со кои Ме навредуваат слугите на асирскиот цар.
7. Ете, Јас ке испратам во него дух, и тој ке чуе вест и ке се врати во земјата своја, и Јас ке го поразам со меч во неговата земја."
8. Тогаш Рапсак се врати и најде дека асирскиот цар војува против Ливна; зашто беше чул, оти господарот негов се повлекол од Лахис.
9. И тој чу за Тирхака, царот етиопски; нему му беа рекли: ете, тој излезе да војува со тебе. Кога го чу тоа, тој испрати гласници, при Езекија, велејки:
10. "Вака кажете му на Езекија, царот Јудејски: нека не те мами твојот Бог, на Кого се надеваш, велејки: Ерусалим нема да биде предаден во рацете на царот асирски.
11. Ете, ти си чул што направија асирските цареви со сите земји, ставајки врз нив клетва; та ти ли ке се избавиш?
12. Боговите на народите, кои татковците мои ги разорија, ги спасија ли, го спасија ли Гозан и Харан, Рецеф и синовите не Еден, што се во Теласар?
13. Каде е царот ематски, и царот арпадски, и царот на градот Сефарваим, Ена и Ива?"
14. И го зеде Езекија писмото од рацете на пратениците и го прочита, па отиде Езекија во домот Господов и го отвори пред лицето Господово;
15. се помоли Езекија пред лицето на Господ и рече:
16. "Господе Саваоте, Боже Израилев, Кој седиш на херувими! Ти единствен си Бог на сите земни царства: Ти си ги создал небото и земјата.
17. Приклони го, Господи, увото Свое и чуј; отвори ги, Господи, очите Свои и погледај, чуј ги зборовите на Сенахерима, кој испрати да хулат на Тебе, живиот Бог.
18. Навистина, Господи, асирските цареви ги опустошија сите краишта и земјите нивни.
19. Тие ги изнафрлаа во оган боговите ниви; но тоа не беа богови, туку изработки од човечки раце, дрво и камен, затоа и ги уништија..
20. И сега, Господи, Боже наш, спаси не од раката негова: тогаш ке дознаат сите земни царства, дека Ти, Господи, си единствен Бог."
21. И испрати Исаија, синот Амосов, до Езекија да кажат: вака вели Господ, Бог Израилев: "За она што ти Ми се молеше против Сенахерима, царот асирски, -
22. еве го словото што Господ го изрече за него: ке те презре, ке ти се потсмее девицата, керката Сионова, ке ја заниша главата по тебе керката ерусалимска.
23. Кога ти прекоруваше и навредуваше? Против кого го подигна гласот и ги крена толку високо очите свои? Против Светецот Израилев.
24. Преку слугите свои ти го прекоруваше Господа, велејки: "Со множеството мои коли се искачив на врвот од планините, врз ребрата на Ливан, ги исеков високите негови кедри, убавите негови кипариси, и стигнав до самиот врв негов, и до горичката негова;
25. и ископав и пиев вода; и со стапките на нозете свои ке ги исушам сите реки египетски.
26. Зар не си чул, дека Јас одамна го направив тоа, во стари дни го преднацртав, а сега го исполнив со тоа, дека ти го опустошуваш силните градови, претворајки ги во купишта урнатини?
27. Жителите нивни изнемоштеа; треперат и остануваат во срам; станале како трева по полето и нежно тревно растение, како тревки по покривите и препламнато жито пред да биде искласано.
28. Kе седнеш ли, ке излезеш ли, или ке влезеш - Јас знам се, ја знам и дрскоста твоја против Мене.
29. За твојата дрскост против Мене и за тоа, дека твојата надуеност дојде до ушите Мои, ке ја ставам алката Своја во ноздрите твои и уздата Своја - во устата твоја; ке те вратам назад по истиот пат, по кој си дошол.
30. И, ете, ти, Езекија, доказ: јадете го оваа година израснатото од паднатото зрно, а во другата година - самоизраснатото; на третата, пак, година сејте и жнејте, садете лозја и јадете ги плодовите нивни.
31. Зашто преживеаните во домот Јудин, тие што ке останат, пак ке пуштат корен долку и ке дадат плод горе,
32. оти од Ерусалим ке произлезе остатокот, и од градот Сион - спасението. Тоа ке го изврши ревноста на Господа Саваот.
33. Поради тоа вака вели Господ за асирскиот цар: "нема да влезе тој во овој град, ниту ке фрли таму стрела, и нема да се доближи до него со штит, ниту ке ископа опкоп околу него;
34. по кој пат дошол, по истиот и ке се врати, но во тој град нема да влезе, вели Господ.
35. Јас ке го бранам овој град, за да го спасам поради Себе и заради Мојот слуга Давида."
36. Тогаш излезе ангел Господов и погуби во асирскиот логор сто и осумдесет и пет иљади души. Утредента станаа, и, ете, насекаде имаше само мртви тела.
37. И остстапи Сенахирим, царот асирски, та си отиде, се врати и живееше во Ниневија.
38. И кога се клањаше во домот на својот бог Нимрох, синовите негови Адрамелех и Сарасар го убија со меч, а самите избегаат во Араратската земја. И место него стана цас синот негов Асардан.

  Isaiah (37/66)