Isaiah (35/66)  

1. Kе се развесели пустињата и сувата земја, и ненаселената земја ке се зарадува и ке расцути како крин;
2. прекрасно ке цути и ке се радува, ке ликува и ке се весели; славата на Ливан ке му се даде, великолепието на Кармил и Сарон; тие ке ја видат славата на Господа, величината на нашиот Бог.
3. Закрепнете ослабени раце и зајакнете колена што треперите;
4. кажете им на плашливите со дух: бидете цврсти, не плашете се: ете, вашиот Бог иде со одмазда, со отплата Божја: Он ке дојде и ке ве спаси.
5. Тогаш ке им се отворат очите на слепите, ушите на глувите ке се отнат;
6. тогаш куциот ке скока како елен, и јазикот на немиот ке пее; зашто води ке бликнат во пустињата, и потоци во степите.
7. И водниот привид ке се претвори во езеро, а жедната земја - во водни извори; во живеалиштето на шакалите, каде што тие се одмараат - ке стане место за трска и рогозина.
8. И таму ке има друм, и патот по него ке се нарече свет пат; нечистиот нема да оди по него; тој ке биде само за нив; оние што одат по тој пат, дури и неискусните - нема да се загубат.
9. Лав нема да има таму, и лута sверка нема да се качува по него; тој нема да се најде таму, и ке одат само откупените.
10. Kе се вратат избавените од Господа, ке дојдат на Сион со радосни извици; и вечна радост ке биде над нивната глава; тие ке најдат радост и веселба, а жалоста и воздишката ке се оддалечат.

  Isaiah (35/66)