Isaiah (32/66)  

1. Ете, царот ке царува по правда, а кнезовите ке управуваат по закон;
2. секој од нив ке биде како заштита од ветар и засолниште за лошо време, како водни извори во степи, како сенка од висока карпа во жедна земја.
3. И очите на оние што гледаат нема да бида закривани; ушите на оние што слушаат, ке внимаваат.
4. И срцето на лесномислените ке умее да расудува; оние што говорат на нос, ке говорат јасно.
5. Простакот нема повеке да го нарекуваат чесен, а за подмолниот нема да велат дека е честит.
6. Зашто простакот говори глупости и срцето негово мисли на беззаконие, за да дејствува лицемерно и да искажува хула проти Господа, да ја лишува од леб душата на гладниот и да го одзема пиењето од жедниот.
7. Кај подмолниот и средствата се погибелни: тој прави стапици, за да го погуби сиромавиот со лажливи зборови, макар што сиромавиот и да е прав.
8. А чесниот мисли на чесното и цврсто стои во се што е чесно.
9. Жени безгрижни, застанете, чујте го гласот мој; керки немирни, приклонете го увото кон зборовите Мои.
10. Уште една година и неколку дена, и ке се ужаснете вие, безгрижни! Гроздобер нема да има и време за жетва нема да настане.
11. Стреснете се вие, безгрижни! Ужаснете се вие, невнимателни! Соблечете се, оголете се и крстот препашете го.
12. Kе се бијат во гради за прекрасните полиња, за родната лоза.
13. Во земјата на народот Мој ке растат трња и боцки; така ке биде и во сите домови во градот што ликува;
14. зашто дворците ке бидат оставени, шумниот град ке биде напуштен; Офел и кулата ке станат место пештери - прибежеште на диви осли и на стада што пасат.
15. Додека не се излие врз нас Духот одозгора, и пустињата не стане градина, и градината не почнат да ја сметаат за шума.
16. Тогаш ке се воведе суд во таа пустиња, и правда ке преуспева во плодоносното поле.
17. Дело на правда ке биде мирот, и плод на правосудството - спокојство и безопасност засекогаш.
18. Тогаш народот Мој ке живее во мирни живеалишта и во безопасни села и во пребивалишта на блажените.
19. И град ке па а врз гората; градот ке слезе во долината.
20. Блажени сте вие, што сеете при сите води и што испракате таму и вол и осел.

  Isaiah (32/66)