Isaiah (31/66)  

1. Тешко им на оние што одат во Египет за помош: кои се надеваат на коњи и се потпираат на коли бојни, зашто биле многу, и на коњаници, зашто биле многу силни, а на Светецот Израилев не погледнуваат и кон Господа не прибегнуваат!
2. Но премудар е Он; и ке испрати беда, и нема да ги измени зборовите Свои; ке се крене против домот на нечесните и против помошта на оние, што вршат беззаконие.
3. Египтјаните се лу е а не Бог; и коњите нивни им се тело, а не дух. Kе ја протегне раката Своја Господ, и ке се сопне заштитникот, ке падне заштитуваниот и сите заено ке загинат.
4. Зашто вака им рече Господ: "Како лав, како лавче, кое рика над пленот свој, макар и многу овчари да му викаат, од викањето нивно нема ни да трепне и пред нивното множество нема да отстапи, - така Господ Саваот ке слезе да војува за гората Сион и за нејзиниот рид.
5. Како птиците - пиленцата, така Господ Саваот ке го покрие Ерусалим, ке го заштити и ке го избави, ке го сожали и ке го спаси."
6. Обрнете се кон Оној, од Кого толку сте отстапиле, синови Израилеви!
7. Во тој ден секој човек ке ги отфрли своите сребрени и златни идоли, што рацете ваши ги направија вам за грев.
8. И Асур ке падне не од човечки меч, нема човечки меч да го премавне, - тој ке избега од мечот; младите негови ке плакаат данок.
9. И од страв тој ке избега покрај тврдината своја; кнезовите негови ке се плашат од знак, вели Господ, чиј оган е на Сион, а огништето - во Ерусалим.

  Isaiah (31/66)